Хорхе Луис Борхес (; Буенос Аирес, — Женева, ) — аргентински писател, есеист и поет. Тој е еден од најпознатите интелектуалци на современата култура кој длабоко ја одбележал латиноамериканска книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Меѓу неговите најважни дела се вбројуваат: „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештајот на Броди“ итн.

Животопис

Хорхе Луис Борхес е роден во образовано семејство од средната класа на 24 август 1899 година. Живеел во сиромашното предградие на Буенос Аирес, Палермо. Мајката на Борхес, Леонора Асеведо Суарез, потекнувала од традиционално уругвајско „криоло“ семејство, со шпанско потекло. Нејзиното семејство било вклучено во населувањето на Европејците во Јужна Америка и учествувало во аргентинската војна за независност. Борхес растел со приказните за семејните подвизи. Така, во 1929 година, во книгата Cuaderno San Martín, тој ја вклучил песната „Исидоро Асеведо“, одддавајќи му почит на својот дедо Исидоро де Асеведо Лаприда, војник во војската на Буенос Аирес, кој бил потомок на аргентински адвокат и политичар Франциско Нарцисо де Лаприда, кој пак се борел во битките кај Сепеда (1859, кај Павон (1861) и кај Лос оралес (1880). Исидоро де Асеведо Лаприда умrel во куќата во која подоцна се родил неговиот внукот Хорхе Луис Борхес. Таткото на Борхес Хорхе Гилермо Борхес Хаслам имал шпанско, португалско и англиско потекло и бил, исто така, син на полковник. Тој бил психолог, преведувач на Омар Хајам и повремен писател. Борхес Хаслам, чија мајка била Англичанка, пораснал со англискиот јазик и често го водел своето семејство во Европа. Нежните родители рано ја разбудиле љубовта кон книжевноста и, уште од раното детство, Хорхе Луис Борхес израснал со книгите и со енциклопедиите од татковата библиотека. Бидејќи баба му по татковата страна била Англичанка, во нивниот дом се зборувало и на англиски, а младиот Борхес во оригинал ги читал делата на Стивенсон, Киплинг, Велс, Твен и Дикенс, а најомилени книги му биле „Дон Кихоте“ и „Илјада и една ноќНа возраст од девет години, Хорхе Луис Борхес направил превод на делото на Оскар Вајлд „Среќниот принц“ (The Happy Prince and Other Tales) од англиски на шпански јазик,Horhe Luis Borhes, Peščana knjiga. Beograd: Paidea, 2009. објавен во локалниот весник, а неговите пријатели мислеле дека, всушност, преводот го направил татко му.Harold Bloom (2004) Jorge Luis Borges (Bloom's biocritiques) Infobase Publishing ISBN 0-7910-7872-8 Борхес живеел во Аргентина до единаесетгодишна возраст при што зборувал шпански и англиски, а на дванаесет години го читал Шекспир. Во големата семејна куќа имало голема англиска библиотека со над илјада книги,„Хорхе Луис Борхес, књижевник без граница“, Политика, 13 јуни 2011 (пристапено на 14 март 2014) за што Борхес подоцна забележал: „Ако ме прашаа за најважниот настан во мојот живот, ќе речев библиотеката на татко ми.“Borges, Jorge Luis, „Autobiographical Notes“, The New Yorker, 19 September 1970. Радивоје Константиновић, „Борхес песник“, во: Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. VIII-X.

Сепак, кога Борхес почнал да го губи видот, татко му ја оставил адвокатурата и во 1914 година, неговото семејство се преселило во Париз, а оттука во Швајцарија,Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009. каде што Борхес студирал на Женевскиот колеџ. Таму, сестрата на Борхес, Нора одела на училиште, а младиот Борхес учел француски јазик, го читал Томас Карлајл на англиски јазик и почнал да чита филозофија на германски јазик. Покрај францускиот јазик, тој го совладал и латинскиот и германскиот, што му овозможило во оригинал да ги чита делата на Иго, Волтер, Флобер, Мопасан, Верлен, Барбис, Вергилиј, Шопенхауер и германскиет експресионисти, кои му оставиле најголем впечаток. Во 1918 година, Борхес матурирал на Женевскиот колеџ, стекнувајќи ја единствената училишна диплома.Borges and His Fiction: A Guide to His Mind and Art Потоа, неговото семејството патувало низ Европа и во 1919 година се задржало во Шпанија. Во тоа време, Борхес ги открил Артур Шопенхауер и еврејскиот мистицизам на Густав Мејринк (со неговиот роман „Голем“ од 1915 година), кои подоцна извршиле големо влијание врз неговото творештво. Во Шпанија, Борхес станал член на литерарната авангарда и Ултраист, под влијание на Гијом Аполинер и Филипо Томазо Маринети, и бил близок до Имажизмот.Wilson, Jason. Jorge Luis Borges. Reaktion Books, 2006. Во Шпанија се запознал со познатите шпански писатели, меѓу кои и Рафаел Кансинос Асенс и Рамон Гомес де ла Серна.Радивоје Константиновић, „Борхес песник“, во: Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. X-XI.

Кога се вратил во Аргентина, во 1921 година, Борхес работел како библиотекар и предавач. Во 1923 година повторо патувал низ Европа, а во 1927 година видот започнал прогресивно да му се намалува. Најважните настани во животот на Борхес во 1930-тите се: длабокото пријателство со писателот Адолфо Биој Касарес со кого напишал неколку заеднички книги под псевдонимот Бустос Домек; смртта на татко му и несреќниот случај (во истата година) во кој ја повредил главата, предизвикувајќи влошување на неговиот вид и подоцна – целосно слепило. Имнео, во 1938 година умрел таткото му и тоа многу го погодило, затоа што бил многу близок со него. Истата година на Бадник, Борхес сериозно заболел од септисемија. Во овој период, Борхес работел како преведувач и литературен критичар за списанието „Ел Хогар“, кое излегувало од 1936 до 1939 година. Подоцна, за време на Пероновата диктатура (1941-1955), тој, мајка му и сетра му биле прогонувани.Радивоје Константиновић, „Борхес песник“, во: Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. XII-XIII.

Во 1950 година, Борхес бил избран за претседател на Друштвото на аргентинските писатели (Sociedad Argentina de Escritores), а во 1955 година бил именуван за директор на Националната библиотека, а една година подоцна бил избран за професор по англиска книжевност на Универзитетот во Буенос Аирес и ја освоил Националната книжевна награда. Во текот на 1960-тите, тој патувал и држел предавања во Франција, Британија, Швајцарија и Шпанија, а во неколку наврати предавал и на американските универзитети. Во 1974 година, Борхес заминал во Сантјаго де Чиле, каде од претставниците на воената хунта ја примил дипломата за почесен доктор на науки на Универзитетот во Сантхаго и во таа прилика одржал пофален говор за режимот на Пиноче, што предизвикало огорчување ширум светот.Радивоје Константиновић, „Борхес песник“, во: Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. XII-XIII.

На возраст од 55 години, Борхес ослепел и никогаш не ја научил Брајовата азбука, па тоа го спречило да чита. Некои стручњаци сметаат дека слепилото му помагнало преку својата имагинација да создаде нови литерарни симболи.Eliane Fernanda C., „O (In) visível imaginado em Borges“. In: Pedro Pires Bessa (ed.). Riqueza Cultural Ibero-Americana. Campus de Divinópolis-UEMG, 1996, pp. 313–314. Бидејќи бил слеп, неговата мајка се грижела за него, му била лична секретарка, ја водела неговата преписка, го следела на патувањата итн. Во 1967 година, Борхес неочекувано се оженил со дамнешната пријателка од младоста Елса Милјан. Неговите пријатели сметале дека неговата мајка го средила бракот за да има кој да се грижи за него по нејзината смрт. Бракот траел само три години, а по разводот, Борхес се вратил кај мајка си, со која живеел во мал стан сѐ до нејзината смрт.Биографија на Хорхе Луис Борхес (пристапено на 13 март 2014) По смртта на мајката, негова асистентка станала Марија Кодама, Аргентинка со германско и јапонско потекло. Во април 1986 година, Борхес се оженил со неа со посредство на еден парагвајски адвокат, што тогаш било вообичаена појава за Аргентинците кои сакале да ги избегнат строгите закони во врска со разводот.

Борхес умрел на 14 јуни 1986 година, на возраст од 86 години, од рак на црниот дроб. Една од неговите последни желби била да го закопаат на гробиштата во Женева, а неговиот надгробен споменик е дело на аргентинскиот вајар Едуард Лонгат. Во февруари 2009 година бил направен проект за преместување на Борхес на гробиштата во Буенос Аирес, но вдовицата на Борхес, Марија Кодама жестоко се спротивставила на идејата и проектот пропаднал. Неговата вдовица ги добила сите права на неговите дела.

Политички убедувања Во 1919 година, под влијание на авангардните поетски движења, младиот Борхес напишал неколку песни во слава на Октомвриската револуција („Русија“, „Болшевичката епопеја“ итн.). За време на Шпанската граѓанска војна, тој ги поддржувал републиканците, а од 1936 година натаму објавил бројни статии напаѓајќи ги нацизмот, фашизмот и антисемитизмот.Радивоје Константиновић, „Борхес песник“, во: Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. XIII.

Хорхе Луис Борхес постојано се интересирал за политиката, а дваесеттите години од XX век за него биле многу важни во полтичка смисла. На почетокот, тој бил приврзаник на бившиот аргентински претседател, Иполито Иригојен (Hipólito Yrigoyen). Во 1928 година, поддржувајќи го Иполито, Борхес бил член на Комитетот на млади интелектуалци. Иполито победил на изборите, но подоцна воената хунта го симнала од власта и Борхес бил згрозен од политиката. Оттука, извесно време не се занимавал со политика, но подоцна повторно пишувал написи во аргентинското списание „Ел Огар“ во кое не поддржувал ниту еден политичи режим, туку ги критикувал, особено нацизмот, антисемитизмот и фашизмот. Со овие написи, Борхес се стекнал со големи признанија, но тие му предизвикале проблеми во почетокот на четириесеттите години на 20 век.

Во 1946 година, во Аргентина дошол на власт Хуан Доминго Перон, а Борхес поради своите добропознати определби станал инспектор за контрола на живинско месо во Буенос Аирес. Тој веднаш поднесол оставка и искажувал уште поголема одвратност кон тоталитарните режими, истакнувајќи дека една од најважните должности на писателите е да се борат против авторитарноста и сѐ што носи таа. Режимот на Перон го отежнувал животот на семејството на Борхес и на неговите пријатели. Во 1948 година, мајка му и сестра му Нора биле уапсени, затоа што учествувале на протест. Неговата мајка била во домашен притвор, додека сестра му била затворена. На сестрата Нора ѝ понудиле да ја ослободат, ако на Ева Перон ѝ напише писмо на извинување, но таа одбила и останала во затворот. Откако во 1950 година бил избран за претседател на Друштвото на аргентинските писатели, Борхес ги предводел интелектуалците во борбата против перонистичкиот режим.Хорхе Луис Борхес - нешто о животу и последња песма (пристапено на 13 март 2014) По смртта на Ева Перон, двајца полицајци побарале од Борхес во Друштвото на аргентиските писатели Борхес да закачи портрет на Хуан и на Ева Перон, но тој одбил, по што Друштвото било укинато. Подоцна, во 1973 година, кога Хуан Перон бил повторно избран за претседател, Борхес дал оставка на местото директор на Националната библиотека. Кога со државен удар од власт била сменета Исабел Перон, Борхес пак почнал да се занимава со политика. Тој ја прифатил новата влада, што ја разочарало аргентинската левица. Сепак, кога новата влада ја злоупотребила својата власт, Брохес ја критикувал нејзината политика сѐ до војната за Фокландските Острови, што кај него повторно предизвикало изненадување и тој се повлекол од политиката.