Света Петка — главна селска црква во мариовското село Живово, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена надвор од селото, западно од селото и до нејзе води патека. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Изградена е во средината на XIX век.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна.

Непосредниот трем и градба на црквата се обновени во 1994 година.

Фрескоживопис

Црквата е живописана во 1893 година, како што е запишано над самата влезна врата.

Икони и иконостас

Црквата поседува голем дрвен иконостас.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Живово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Света Петка во Македонија