Основно училиште „Стефан Гајдов“ (официјално: Основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ - Велес; скратено: ОМУ „Стефан Гајдов“) — единствено музичко основно училиште во градот Велес, Општина Велес.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски композитор, диригент и педагог Стефан Гајдов.

Местоположба

Се наоѓа во централното градско подрачје во месноста Дворови, непосредно до железничките пруги Скопје-Кочани и реката Вардар.

Историја

На 21 ноември 1946 година е донесен документ да се формира нижа музичка школа, прво отворено училиште од ваков вид во Македонија. „Стефан Гајдов“ како музичко училиште работи од ноември 1945 година, под името „Киро Димов“, за официјално да биде верифицирано во 1946 година. Зградата која училиштето ја користи е изградена во 1936 година, за подоцна да биде преадаптирана во музичко училиште. На 19 мај 2010 година, на седница на Советот на општина Велес, советниците со мнозинство гласови донеле одлука музичкото училиште наместо Киро Димов, да се именува во Стефан Гајдов.

Организацијата

Во училишната зграда се изведува настава во 11 кабинети. Денес, тоа е редовно училиште во кое се образуваат ученици од прво до деветто одделение на ниво на општината и пошироко. Училиштето работи според наставни програми за музички училишта, а воспитно-образовната работа се одвива во поединечна и групна настава. Наставниот кадар е составен од 10 наставници.

Во училиштето има ученици од повеќе националности, како и ученици од соседните општини околу Велес.

Награди

Во 1974 година училиштето е добитник на наградата „Деветоноемвриска плакета на град Велес“ Во 2011 година училиштето е добитник на наградата „Деветоноемвриска плакета на град Велес“

Познати личности кои учеле во ова училиште Ангел Шурев - диригент Костадин Богдановски - виолинист Благој Ламјов - кларинетист Никола Атанасов - флејтист Костадин Кирков - концерт мајстор Петре Пренџов - виолинист Стојан Алчев - музички педагог и композитор Лидија Алчева Даринка Алчева Кирил Вангелов Иван Николовски-Танго Живко Фирфов - етномузиколог, педагог, диригент Данка Фирфова - македонска оперска пејачка Кирил Спировски Петре Пренџов Илија Попов

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Велес Категорија:Основни училишта во Велес Велес Категорија:Основни училишта во Македонија Категорија:Музички училишта во Македонија