Tenthredo maculata е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Европа, Кавказ и Мала Азија. Во Македонија се среќава во Демир Капија и околината на Куманово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 215
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 12,5-14 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Градите се црни, тегулите црвеникави, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави. Нозете се црни до колена, другите делови се жолти, абдоменот црн.
Ларвите достигнуваат должина до 25 милиметри, а се развиваат во текот на септември. Возрасните форми се среќаваат од мај до јулит.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија