Волин (; ) — полски остров во Балтичко Море. Се наоѓа на север на полскиот брег, и административно припаѓа на Западнопоморското војводство. Волин е одделен од островот Узедом (Узнам) со теснецот на Швина, и од копното Померанија со теснецот на Ѓивна. Островот има површина од 265 км2 и највисока точка е планината Гживац на 116 м.н.в. Бројот на жители е 30.000. Во средината на островот се наоѓа Волинскиот национален парк.

Водата од реката Одра се влева во лагуната Шчеќински Залив и оттаму преку Пене западно од Узедом, Швина и Ѓивна во Поморскиот Залив во Балтичкото Море.

Наводи

Категорија:Острови во Полска