Прангли () ― естонски остров во Финскиот Залив.
Првите записи се од 1387 година кога се викало Ранго. Првите доселеници дошле од Шведска. Естонската култура била ширена на островот во 17 век.
Прангли е дел од општината Вимси. Во Келнасе се наоѓа пристаниште кое е поврзано со траект до Лепнеме на копното.
Растителноста, особено на истокот на островот е главно ела.
Пранглишкиот светилник бил изграден во 1923 година.
Во 1941 година, естонскиот пароброд Естиранд бил потопен покрај брегот на островот Прангли по германски воздушен напад. Естиранд бил дел од флота бродови кои носеле советски трупи кон Ленинград за време на советската евакуација на Талин. Естонскиот екипаж и регрутите успеале да го разоружаат советскиот воен персонал на бродот и да ја преземат контролата над островот, кревајќи го знамето на Естонската Република на високо борово дрво. Буната спасила приближно 2.700 регрути, од кои повеќето биле Естонци, да бидат мобилизирани во Ленинград. По војната, на островот бил поставен споменик во чест на оние кои ги загубиле своите животи во трагедијата.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Пранглиска естонска евангелска црква, Пранлиска Свети Лауренциева парохија Leuchtturm Прангли Прангли
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Острови во Естонија