Macrophya duodecimpunctata е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.

Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Европа, Турција, Сибир, Јапонија. Во Македонија се среќава во источниот дел.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 235-236

Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 10-11 милиметри. Главата им е црна, грубо пунктирана и матова. Градите се црни од долната страна, аглите на пронотумот и скутелумот бели. Крилата жолтеникави, жилките светлокафеави а стигмата жолта. Нозете црни со белузлави дамки, предните и средните најобично белузлави на предните страни, задните нозе со белузлави дамки на коксите и со белуизлави појаси на надворешните страни на тибиите. Абдоменот црн, со белузлави дамки од страните на петтиот и шестиот тергит, понекогаш и на четвртиот и деветтиот.

Ларвите достигнуваат должина од 18 мм. Главата им е светложолтокафеава со 5 надолжни линии, составени од темносиви точким телото кафеаво, од долната страна посветло. Од горната страна со две надолжни темнокафеави линии. На нозете коксите со темни дамки, фемурите довојно подолги од трохантерите. Тие се развиваат во периодот од август до октомври, а возрасните се среќаваат во периодот мај-септември.

Наводи

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Растителни оси Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј