Macrophya superba е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Југоисточна Европа и Турција. Во Македонија се среќава во неколку места.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 227
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 11-13 милиметри. Главата и антените им се црни. Клипеусот, горната усна и основата на мандибулите жолти. Градите црни, работ на пронотумот, тегулите и скутелумот жолти. Мезонотумот малку пунктиран и блескав, На нозете коксите црни, понекогаш на врвот жолти. задните нозе жолтоцрвеникави. Внатрешните страни на фемурите делумно црни.Крилата жолтеникави, жилките светлокафеави, стигмата црвеникавожолта. Абдоменот црн, со жолти појаси на првиот тергит и прекинати жолти појаси на четвртиот до деветтиот тергит.
Ларвата и биологијата на видот се непознати.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија