мини|десно|270п|Јазични подрачја во Швајцарија – сооднос на мнозинското население согласно статистичко испитување спроведено во 2010 година. Управната поделба на картата е согласно 1 јануари 2026 година.

Италијанска Швајцарија () или Италијанскојазична Швајцарија — поим со којшто се опишуваат подрачјата на Швајцарија во коишто мнозинското население говори италијански. Италијанскојазичниот дел од Швајцарија во 2015 година броел отколку 350.000 жители, односно околу 6% од вкупното население на земјата, коишто главно ги населуваат кантоните Тичино и Граубинден. Сепак, во Швајцарија живеат околу 700.000 италијанскојазични лица, кои претставуваат околу 8% од вкупното население. Најголема општина во Италијанска Швајцарија со околу 68.000 жители е градот Лугано, којшто всушност е и најголем град во којшто се зборува италијански надвор од Италија.Popolazione in crescita.RSI Radiotelevisione svizzera. 14 maggio 2017.

Италијанскиот е службен јазик во Швајцарија и со тоа правно е еднаков со германскиот и францускиот.Amtssprachen und Landessprachen der Schweiz. Schweizerische Nationalbibliothek NB. 14. Mai 2017.

Поврзано Германска Швајцарија Романдија Ретороманска Швајцарија Латинска Швајцарија

Белешки

Наводи

Категорија:Региони во Европа Категорија:Региони на Швајцарија