Јајчарка (науч. Amanita caesarea) — вид на печурка. Јајчарката е печурка која се конзумира и може да се пронајде во Јужна Европа и Северна Африка. Иако научно била опишана во 1772 година од Џовани Антонио Скополи, печурката била познат деликатес меѓу водечката елита на Римското Царство.

Име Латинското научно име на печурката е amanita caesarea. Најчесто користено македонски име во Македонија е „јајчарка“, но се користат и поимит „булка“, „царска печурка“ или „благва“.

Опис Зачетокот на печурката е во чаура во вид на јајце во бела боја од која излегува телото на печурката. Печурката претпочита топли и суви места, листопадни шумски предели. Најчесто може да се сретне во дабови шуми и насади на питом костен.

Шапката на печурката има големина од 8 до 30 см пречник. Во раната фаза на растот има јајцевидна форма, а потоа станува во вид на полутопка. Често е мазна. Дршката има големина од 5 до 15 см и е во цилиндрична форма.

Јадливост Оваа печурка е јадлива и е со извонреден квалитет. Само треба да се внимава, при самата берба, да не се помеша со видот на печурка мувоварка (Amanita muscaria), која е отровна,

Галерија

Наводи

Надворешни врски Јајчарка на zelenaberza.com.mk „Јајчарка“ на zemjodelie.mk

Категорија:Габи Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Пупавка Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Африка