Пеце Јованов Ивановски ( во ― во ) ― македонски партизан и учесник во НОВ.
Животопис Се занимавал со земјоделство. На 20 ноември 1944 година стапил во 3 македонска ударна бригада. Бил борец во Вториот баталјон. Учествувал во сите битки што ги водела Бригадата против непријателот. Бил ранет во ногата кај Врпоље, Хрватска. Истурената болница во која бил и тој по отстапувањата на Бригадата паднал во рацете на непријателот и заедно со помладиот брат Веле, загинал од непријателска рака.
При откопувањето на гробот било констатирано дека непријателот дополнително го усмртил од близу, со куршум во челото. По ослободувањето, неговите посмртни останки како и коските на неговиот брат Веле Ивановски, биле пренесени и погребани во гробиштата кај Маџари.
Поврзано
Веле Ивановски Добре Ивановски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ