Битка кај Сетина ― битка помеѓу војските на Јован Владислав и Василиј II одржана есента 1017 г.

Се одиграла во близина на Сетина во Леринско, една од престолнините на Самоиловото Царство. По освојувањето на Сетина, есента 1017 година, византискиот цар, испратил два поголеми одреда против Јован Владислав, кој со малубројна војска се наоѓал во нејзината околина. Византиската војска паднала во заседа и се појавила опасност да биде целосно уништена. Василиј II морал брзо да интервенира. Го нападнал ненадејно логорот на Јован Владислав и ја разбил неговата војска. Поразот кај Сетина го навестил брзиот крај на Самоиловото Царство.

Наводи

Категорија:Самоилово Царство Категорија:Битки во средниот век Категорија:Македонија во 11 век Категорија:Византија во 11 век Категорија:Битки меѓу Самоиловото Царство и Византија