Бугарија е поранешна земја во транзиција и сегашна членка на Европската Унија.
мини|220п|Ветарната централа „Калијакра„
Економска историја Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, пропаднал целиот економски систем на земјата. Во почетокот на 1990-те години, услужните дејности имале удел од 25 %, исто колку и земјоделството, а индустријата учествувала во вкупното стопанство со 60%. Триесет години подоцна, услужните дејности зафаќале околу 60% од вкупната економија, 10% отпаѓало на земјоделство, а околу 30% на индустријата. Индустрискиот раст е 7% (2005). При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатијата имало големи отпуштања на работниците, а како резултат на тоа се зголемила невработеноста, која во одредени периоди достигнала и до 19%.
Основни економски показатели Економскиот пораст за 2007 година изнесувал 6,2%. Бруто-домашниот производ во 2007 изнесувал 28,9 билиони евра, односно БДП по глава на жител изнесувал 3 753,5 евро. Странските инвестиции во 2007 достигнале 5,5 милијарди евра.„Дневник“, "България заема водачко място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски). Според Евростат, минималната плата во Бугарија изнесува 135 евра, што е најмалку во ЕУ.Минималните плати во ЕУ различни за секоја земја
Општи информации мини|300п|Автопатот „Тракија“
Национална валута - Бугарски лев (BGN) БДП (Паритет на куповна способност) - 93,78 милијарди $ (2008) БДП (Девизен курс) - 49,43 милијарди $ (2008) БДП (ИЧР/По глава на жител) - 12 900 $ (2008) БДП пораст - 6% (2008) БДП по сектори (2008) -Земјоделство 4,6% -Индустрија 28,7% -Услуги 66,7% Раст на индустриско производство - 3,9% (2008) Невработеност - 6,3% (2008) Сиромаштија - 5% (2008) Инфлација - 2,3% (2007) Инвестиции (% од БДП) - 38,3% (2008) Буџет (2008) фискална година = календарска година Приходи - 20,43 милијарди $ Расходи - 18,93 милијарди $
Биланс на меѓународните плаќања + Салдо на тековната сметка (% од БДП), 1994-2007.Aleksandar Stojkov, Current Account Deficits and Economic Growth: Evidence from the South Eastern European Economies. Iustinianus Primus Faculty of Law, Skopje, 2009, стр. 259. 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 Извоз на стоки 40,5% 40,8% 49,4% 47,7% 32,9% 30,9% 38,3% 37,6% 34,4% 35,5% 40,9% 44,1% 47,6% 46,8% Увоз на стоки -40,7% -39,9% -47,5% -44% -35,9% -39,3% -47,6% -49,2% -45% -48,4% -56% -64,2% -69,6% -72% Трговско салдо -0,2% 0,9% 1,9% 3,7% -3% -8,4% -9,3% -11,6% -10,7% -12,9% -15,2% -20,1% -22% -25,3% Услуги, нето 0,1% 1,2% 1,2% 1,6% 2,9% 2,4% 4% 1,9% 2,9% 2,6% 3,4% 3,1% 3,7% 3,9% Доход, нето -2% -3,3% -4% -3,4% -2,2% -1,4% -2,6% 0,2% 2,2% 1,7% 1,2% 1,2% -2,1% -1,6% Тековни трансфери, нето 1,7% 1% 1,1% 2,3% 1,8% 2,3% 2,3% 3,7% 3,5% 3,5% 4,6% 4,6% 2,7% 1,2% Тековна сметка, нето -0,3% -0,2% 0,2% 4,1% -0,5% -5% -5,6% -5,9% -2% -5,1% -6% -11,3% -17,8% -21,8% Грешки и пропусти 0,7% 1,1% -1,1% 2,5% -2,3% 0,2% 0,3% 3,8% -4,6% -4,5% -1,9% 1,1% -3,4% -5,2%
Надворешна трговија До 1989 година, Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски Сојуз (80%) и со другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Денес, 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2,5% со САД, а останатиот дел со другите земји.
Сообраќај Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности.
Инфраструктура Железница: 4 294 км од кои 2 710 км се електрифицирани (1 435 m стандард); 245 км 0,760 m стандард Патишта: 40 231 км (вкупно) (2005) Аеродроми: 204 (2008) Гасовод: 2 926 км (2008) Нафтовод: 339 км (2008)
Туризам
Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство, кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам.
Наводи
Категорија:Бугарија Категорија:Економија на Бугарија Категорија:Економија на Европа