Лајтхаус Риф (англиски: Lighthouse Reef, „гребен-светилник“) е атол во Белизе, еден од трите атоли во државата. Другите два се Турнефе и Гловерс Риф. Атолите се дел од Белиската гребенска бариера.
Географија Атолот е најисточен од сите три атоли. Атолот се наоѓа на 80 километри југоисточо од градот Белиз. Лајтхаус има издолжена форма со должина од околу 35 километри и ширина од 18 километри. Во средишниот дел има плитка лагуна со површина од 120 км2 и длабочина од 2 до 6 метри.
Овој атол е најдобро развиениот и најздравиот гребен во Карибите. Богат е со корали и разновиден жив свет.
Атолот е составен од неколку мали островчиња, меѓу кои: Сендбор Кејв, Нордерн Кејв, Халф Мун Кејв, Седл Кејв, Лонг Кејв и Хат Кејв.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Атоли во Белиз