Аурих (; источнофризиски дијалект: Auerk; ) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во историската област Источна Фризија и претставува втор најголем град во областа, во население по Емден, а во површина по Витмунд.

Аурих долго време бил резиденција на источнофризиските кнезови, седиште на пруската, хановерската и подоцна повторно на пруската администрација на Источна Фризија. Исто така, по Втората светска војна, градот бил седиште на истоимениот административен округ, кој во 1978 година бил споен со административните окрузи Олденбург и Оснабрик во административниот округ Везер-Емс со седиште во Олденбург. Округо исто така бил укинат во 2004 година. Поради сето ова, Аурих се смета за главен град на Источна Фризија. Аурих до денешен ден е седиште на бројни установи, сојузни и покраински.

Географија Местоположба

Аурих се наоѓа во средишниот дел на Источнофризискиот Полуостров и има површина од 197,25 квадратни километри, при што во насока север-југ има растојание од 16 километри, а во насока исток-запад има растојание од 19 километри.

Соседни општини

Околни општини (почнувајќи од запад, надесно) се Зидброкмерланд и Гросхајде (обете во округот Аурих), Еверсмер, Вестерхолт, Нојшо и Бломберг (сите во општинската заедница Холтрим во округот Витмунд), Дунум (општинска заедница Езенс во округот Витмунд), окружниот град Витмунд, како и Фридебург (округ Витмунд) и на крај со Висмор, Гросефен и Илов (повторно сите во округот Аурих).

Градски единици

Со административната реформа во 1972 година многу поранешни самостојни општини биле припоени кон градот Аурих.

Густината на населеност во градот Аурих е нерамномерна. Во градското јадро живеат повеќе од 2.000 жители на квадратен километар, додека на другата крајност во градската единица Брокцетел има само околу 20 жители на квадратен километар.

Градски единици на градот АурихЕдиницаМестоПовршина во км²Жители 31.12.2019OrtsteileЖит. на/ км² Карта Градско јадро Аурих Градско јадро Аурих 5,83 12.399 2.124 100п Брокцетел и Визенс Брокцетел 19,25 353 19 100п Визенс 16,73 1.420 86 100п Егелс и Валингхаузен Егелс 4,43 1.788 416 100п Валингхаузен 5,81 3.560 579 100п Екстум, Хакстум, Кирхдорф и Рае Екстум 4,17 2.151 427 100п Хакстум 2,20 1.764 806 100п Кирхдорф 4,77 1.444 280 100п Рае 4,38 523 121 100п Дитриксфелд, Пфалцдорф и Плагенбург Дитриксфелд 11,31 789 70 100п Пфалцдорф 6,11 234 37 100п Плагенбург 13,47 1.434 105 100п Георгсфелд и Таненхаузен Георгсфелд 6,56 563 86 100п Таненхаузен 16,92 1.929 114 100п Лангефелд, Миделс и Шпекендорф Лангефелд 4,79 416 87 100п Миделс 23,01 1.222 51 100п Шпекендорф 13,37 434 31 100п Попенс Попенс 1,88 1.994 1.031 100п Ширум Ширум 13,19 1.411 106 100п Зандхорст Зандхорст 10,77 4.458 395 100п Вале Вале 8,26 2.660 317 100п

Клима

Климата во Аурих е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.

Историја

мини|300п|десно|Градскиот плоштад околу 1900 година

Историјата на Аурих потекнува од век, кога населбата Аурехове (Aurechove) била спомената во фризиски документ наречен Брокмербриф во 1276 година. Постојат повеќе претпоставки за значењето на името на градот. Веројатно означува лично име (Афо, источнофризиско име) и неговиот посед (Reich) или пак се однесува на пловната низина на реката Аа (или Ее), на која градот бил подигнат. Средновековните именувања биле најразлични.

Во 1517 година, грофот Едцард од династијата Сирксена започнале да го обновуваат градот по напад. Во 1539 година, градот станал седиште на грофовијата и подоцна на областа Источна Фризија, останувајќи седиште на областа додека Источна Фризија не била освоена од Кралството Прусија во 1744 година. Откако пруската војска била поразена во Битката кај Јена во 1807 година, Аурих станал дел од Кралството Холандија во 1808 година. Во 1810 година, Кралството Холандија било припоена од Франција и Аурих станал главен град на департманот Емс-Ориентал на Првото Француско Царство. Откако Наполеон бил поразен во 1814 година преминал градот во Кралството Хановер во 1815 година, а потоа бил анексиран од Прусија во 1866 година и станал дел од покраината Хановер.

Од 21 октомври до 23 декември 1944 година во градот постоел нацистички концентрациски камп, кој бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.Кампот е заведен како бр. 51 Аурих, округ Аурих, во службениот германски список.

По Втората светска војна, Аурих станал дел од новата покраина Долна Саксонија.

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 40 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 40.001 и 50.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. Dezember 2016. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:

SPD: 33,54%, 13 места CDU: 23,70%, 9 места Слободни гласачи (AWG): 9,46%, 4 места Заедно за Аурих (GfA): 5,59%, 4 места Сојуз 90/Зелени: 12,52%, 5 места Левица: 4,94%, 2 места Зелена алтернативна политика (GAP): 5,98%, 2 места FDP: 2,57%, 1 место dieBasis: 1,22%, 1 место

Градоначалник

Градоначалник на градот АУрих е Хорст Федерман (независен).

Збратимени градови

Аурих е збратимен со следниве градови:Partnerstadt – Stadt Aurich, abgerufen am 29. Juli 2011

Апингедам, Холандија (од 1989 г.)

Познати луѓе

Фридрих Август Петер фон Коломб (1775–1854) — пруски генерал Рудолф фон Јеринг (1818–1892) — правник Карл Хајнрих Улрикс (1825–1895) — писател Лаура Хилман (1923–2020) — американски писател Рудолф Ојкен (1846–1926) — филозоф Карл Дајхгребер (1903–1984) — класичен филолог Јоцак Равех (1906–1989) — израелски судија Алојс Вобен (1952–2021) — инженер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аурих (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија