мини Елизабет Иванова Епштајн (1879–1956) била руска сликарка.

Биографија Епштајн, моминско презиме Хефтер, е родена на 27 февруари 1879 година во Житомир, Русија. Нејзиното семејство се преселило во Москва, а потоа таа заминала за Минхен. Во 1898 година се омажила за Мејзислав Епштајн, со којшто има едно дете. Двојката се развела во 1911 година. Во Минхен, Елизабет студирала со Антон Ажбе, Алексеј фон Јавленски и Василиј Кандински. Таа, исто така, ги посетувала салоните што ги организирала уметницата Маријана фон Верефкин. Нејзините дела биле вклучени во првата изложба во Минхен во 1911 година.

Околу 1907 година, Епштајн се преселила во Париз и изложувала во Есенскиот салон. Додека живеела во Париз, Епштајн ги претставила Кандински и Франц Марк пред францускиот уметнички свет, а исто така му го олеснила патот на делото на францускиот сликар Роберт Делоне во патувачката изложба Der Blaue Reite од 1911 година.

Починала на 22 јануари 1956 година во Женева, Швајцарија.

Наводи

Надворешни врски

слики од работата на Епштајн на Артнет

Категорија:Луѓе од Житомир Категорија:Починати во 1956 година Категорија:Родени во 1879 година Категорија:Жени-уметници

Категорија:Жени