Битката на реката Калка се водела меѓу Монголското Царство, чии војски биле предводени од Џебе и Субедеј, и сојузот на неколку Руски кнежевства, меѓу кои Киевското и Галицко-Волинското, поддржани од Куманите предводени од Котјан. Тие биле под заедничка команда на Мстислав Храбри и Мстислав III Киевски. Битката се одиграла на 31 мај 1223 година на брегот на реката Калка во денешната Донецка Област, Украина, и завршила со одлучна победа на Монголците.
Белешки
Наводи
Категорија:Киевска Русија