Ова е статија за археолошко наоѓалиште. Статијата за Железничката станица се наоѓа тука.

Железничка Станица — археолошко наоѓалиште во Гостивар. Претставува депо на средновековни монети. Во 1955 година, при поставувањето на нови шини кај самата станица бил најден керамички сад и во него имало 1.163 чанковидни византиски монети од бронза - скифати, од XII-XIII век. Монетите се депонирани во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Св. Никола — средновековна некропола;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Гостивар