Улицата на Иван Мазепа (украински: Вулиця Івана Мазепи) е улица која се наоѓа во Печерскиот реон на Киев, Украина. Улицата се наоѓа меѓу Арсеналниот плоштад и Плоштадот на славата.
Местото каде денеска се наоѓа улицата било населено уште во времето на Киевска Рус, поврзувајќи го градот со Киевско-печерската лавра. Во текот на 19 век улицата била изградена и посветена на Свети Никола. Во 1919 година, улицата го добила своето денешно име.
На оваа улица се наоѓаат амбасадите на Латвија и Молдавија, поликлиниката на Печерскиот реон како и Киевката палата на младите.
Категорија:Улици во Киев