Ботлишкиот е кавкаски јазик од подгрупата на андски јазици од групата на североисточни кавкаски јазици. Јазикот се зборува од Ботлиците во југозападен Дагестан, поточно во селата Буихе и Ашино. Според истражувањата на Корјаков од 2006 година, јазикот го зборуваат околу 5.500 жители.
Наводи
Поврзано Кавкаски јазици Североисточни кавкаски јазици
Надворешни врски Луѓето од Црвената книга: Ботлици
Категорија:Североисточнокавкаски јазици Категорија:Загрозени јазици во Азија Категорија:Јазици во Русија