Голема Трпеза — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Старо Коњарево. Претставува населба од неолитското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 3,5 километри северно од селото, во непосредна близина на македонско-бугарската граница, на тераса што се издига над коритото на реката Струмица.

Опис

На поголем простор се среќаваат голем број фрагменти од керамички садови, дислоциран куќен лепеж и орудија од камен и кремен.

Поврзано Градиште — населба од доцноантичкото време; Кале — градиште од доцноантичкото време; Соколче — населба од доцноантичкото време; Сред Село — некропола од римското време; Старо Коњарево; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.

Наводи

Категорија:Старо Коњарево