Косвиг () — град во округот Витенберг, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, околу 12 километри западно од Витенберг и 15 километри источно од Десау.

Историја

лево|мини|180п|Замок Косвиг

Замокот Косвиг бил првпат спомант во 1187 година. Нема податоци за словенски населби до овој датум. Во 1215 година, Косвиг е наречен Опидиум (Oppidium). Во текот на ова време бил еден од најважните градови, северно од реката Елба. Во век, Косвиг веќе бил поврзан со водоводен систем од Верпен. Земјоделството, ткаењето и рударството биле најважни дејности во економијата. Градот бил скоро целосно уништен од хиспанските трупи во текот на Шмалкаденска војна. Од 1603 до 1793 година, Косвиг припаѓал на Анхалт-Цербст. Замокот бил изграден на крајот на век. Железничката станица била отворена на 10 септември 1841 година. Во 1987 година, градот ја одбележал 800-годишнината од постоењето.

Знаменитости

Замок Косвиг Црква Св. Никола (Nicolaikirche) Нова апостолска црква Ферибот Косвиг, ферибот низ Елба до Верлиц Кула Бизмарк Градско собрание

Политика

Излезноста на гласачите од последните избори на 13 јуни во 2004 била 43,6%.

Градски совет: 20 места на следниве партии:

7 места - CDU 4 места - Linkspartei.PDS 3 места - SPD 3 места - Bürgerblock 2 места - FWG 1 место - FDP

Меѓународни односи Штаталендорф, Хесен, од 1993

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Нова апостолска црква Косвиг

Категорија:Витенберг (округ)