Хорн — кварт во округот Хамбург-Мите, во источниот дел на Хамбург, Германија.
Историја
thumb|left|Хорн на воена карта во 18-от век.
Во текот на Втората светска војна Хамбург, а со тоа и Хорн биле цело на воздушните напади во т.н. Операција Гомора.
Географија
Хорн се наоѓа во источниот дел на градот Хамбург и припаѓа на округот Хамбург-Мите. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн имал вкупна површина од 5,9 км2. На северот е квартот Маринтал од округот Вандсбек и квартот Билштет на исток. На запад се квартовите Хам-Норд, Хам-Мите и Хам-Зид; на југ е квартот Билброк.
Демографија
Во 2007, населението во квартот Хорн било 36.890. Густината на населеност била 6.273 жители на км2. 15,5% биле деца под 18 години, а 17,9% имале 65 години или повеќе. 22,5% биле странци. 2.765 лица биле регистрирани како невработени.Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007) Во 1999, имало 19.604 домаќинства и 51% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинтвото била 1,82.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Во 2007, имало 4.237 кривични дела (115 дела на 1000 жители).
Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 37.139 37.216 37.588 38.502 39.047 39.237 39.115 38.597 38.021 37.817 37.344 36.402 35.881 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 35.522 35.350 35.910 35.971 36.291 36.302 36.490 36.890
Образование
Во 2006, имало 5 основни и 5 средни училиша во квартот Хорн со 3.894 ученици.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Спорт
Deutsches Derby е коњска трка која се одржува на Хорнер Ренбан секоја година во јули.
Инфраструктура
Здравствен систем
Во 2007, имало 16 дневни центри за децата, 44 лекари во приватни ординации и 8 аптеки.
Сообраќај
thumb|Поглед на влезот на станицата за У-Бан Horner Rennbahn.
Хорн е опслужуван од железничкиот систем на подземната железница преку станиците: Horner Rennbahn и Legienstraße (линијата U2 од промената на линиите). Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Хорн биле регистрирани 9.310 приватни возила (252 возила на 1000 луѓе) во 2007 и 131 сообраќајна несреќа.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница
Категорија:Четрти во Хамбург