мини|300x300пкс|Карта на Турците во Македонија (2021) Македонски Турци () — трета по големина народност и второ по големина етничко малцинство во Македонија. Во пописот во 2002 година во Македонија како етнички Турци се изјаснале 77.959 граѓани или приближно 4% од вкупното население. Турците во Македонија се признато и полноправно малцинство. Единствената нивна религија е исламот. Народен празник на Турците во Македонија е „Денот на наставата на турски јазик“ (21 декември).

Турците, културата, правата и населението

Над 77.000 Турци во Македонија зборуваат турски јазик на посебен и единствен македонски акцент. Турците сочинуваат околу 12% од населението во државата со исламска вероисповед. Во одредени македонски основни училишта во чија околина има мнозинство Турци има часови на турски јазик, но според закон наставата се држи со македонски учебници. Настава на турски се држи и во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Турците се полноправни граѓани во Македонија, имаат радио и телевизиски канал во кој програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто така Македонската телевизија емитува секој ден неколку часови со програма на турски јазик. Турците исто така имаат своја партија Демократска партија на Турците на Македонија која има свој градоначалник во Центар Жупа () во која преовладува турското население (околу 80%).

Бројот на Турците во Македонија денес и во историјата

Бројот на турското население во историјата според пописите Број на Турците во Македонија според пописите. ПописМакедонски Турци Вкупното население на Македонија % Македонски Турци 1953 203.938 1.304.514 15,63% 1961 131.484 1.406.003 9,35% 1971 108.552 1.647.308 6,58% 1981 86.591 1.909.136 4,53% 1991 77.080 2.033.964 3,78% 1994 78.019 1.945.932 4% 2002 77.959 2.022.547 3,85%202170.9611.836.7133,86%

Турско население по општини според пописот во 2002 мини|281x281пкс|Распределба на македонските Турци ОпштинаТурциСкопје 8.595Гостивар 7.991Центар Жупа 5.226*Пласница 4.446*Радовиш 4.061Струмица 3.754Струга 3.628*Студеничани 3.285*Врапчиште 3.134Дебар 2.684*Маврово и Ростуше 2.680*Долнени 2.597*Кичево 2.430Охрид 2.268Василево 2.095Тетово 1.882Ресен 1.797Велес 1.724Битола 1.610Валандово 1.333Штип 1.272Боговиње 1.183*Прилеп 917Карбинци 728Конче 521Теарце 516Босилово 495Дојран 402Чашка 391*Пехчево 357Демир Капија 344Кочани 315Крушево 315Другово 292Куманово 292Вранештица 276Виница 272Неготино 243Сопиште 243Могила 229Македонски Брод 181Кавадарци 167Лозово 157Делчево 122Берово 91Свети Николе 81Петровец 75Градско 71Богданци 54Демир Хисар 35Гевгелија 31Новаци 27Илинден 17Кратово 8Пробиштип 6Јегуновце 4Брвеница 2Дебрца 2Крива Паланка 2Желино 2Зелениково 1 *Дел од населението претставуваат Македонци со исламска вероисповед, но поради политичко-религиски причини, се декларирале како Турци.

Список на македонски Турци + Име Време на живеење Професија Турски линкЏемаил Максут1933 - 2001ГлумецЕрдоган Максут1959ГлумецАјри Демировски1927 - 2009Музичар, автор на песната „Битола, мој роден крај“Салаетин Билал1942 - 2018ГлумецМустафа Јашар1946 - 2024ГлумецАтила Клинче1958Глумец, Функционер, Поранешен директорХади Незир1952ПолитичарАрмандо Алемдар1972Уметник Текин Арибурун 1905-1993 Командер во Турската армија Муамет Асановски 1991 Спортист Хусеин Авни Непознато-1915 Командер во Отоманската армија Јахја Кемал Бејатли 1884-1958 Поет и автор Шебнем Ферах 1972 Пејачка Илами Халими 1975 Спортист Копрулу Хамди 1888-1920 Војник Елјеса Касо 1961 Глумец Срѓан Керим 1948 Дипломат Октај Махмути 1968 Спортист Али Фети Окјар 1880-1943 Дипломат Јксел Османовски 1977 Спортист Ќазим Озалп 1880-1968 Турски војник и политичар Сибел Реџеп 1987 Пејач Ерол Ризаов 1950 Новинар Ерман Шабан 1983 Глумец Ертан Шабан 1977 Глумец Ариф Сентурк 1941 - 2022 Пејач Тахсин Јазици 1892-1971 Офицер во Турската војска Хусеин Авни Заимлер 1877-1930 Турски војникБеркан Ахмет1986ПејачЏеди Осман1995СпортистЕрдал Ракип1996Спортист

Наводи