Димитар Димески (, - , ) — македонски историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет – Скопје.Ванчо Ѓорѓиев, Димитар Димески (ин мемориам), Историја, бр.1–2, Скопје, 2004.

Животопис

Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во 1964 година. Во 1966 година, тој станал асистент на Филозофскиот факултет. Докторирал во 1979 година, бил избран за доцент, вонреден професор во 1985 година и редовен професор во 1990 година.

Ја проучувал историјата на македонското револуционерно ослободително движење од Илинденскиот период. Објавил над 200 библиографски единици. Автор е на 10 монографии. Бил раководител на Институтот за историја и на Советот на последипломски студии. Тој бил член и претседател на повеќе редакции на научни списанија и зборници. Дописен член на ДНУ во Битола (1983) и ДНУ во Прилеп (1984). мини|десно|190п|Корица на книгата „Гоце Делчев“ од Димитар Димески. На 100 годишнината од смрта на Гоце Делчев, Димески објавил јубилејна монографија за овој великан на македонското револуционерно движење. Во текот на текот на презентацијата на оваа дело Димески истакнал:

Делото што Гоце Делчев го остави на генерациите, македонскиот народ го прегрна како свое културно наследство. На денешен ден - понеделник, пред сто години и еден ден, загина големото чедо на овој достоинствен народ. Денеска, едновековната дистанца дозволува да се објективизира животот и делото на Гоце Делчев. Ние мора да ја истакнеме неговата етичност и едукативност и што повеќе да ги доближиме до вистината неговиот живот и дело

Научни трудови Македонското национално-ослободително движење во Битолскиот Вилает (1893–1903), Скопје, 1981 Аферите во Битолскиот Вилает (1893–1903), Скопје, 1993 Гоце Делчев, Скопје, 1994 Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смрта на Гоце Делчев (1903-2003), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003 и др.

Поврзано Делчевологија

Извори

Надворешни врски Димитар Димески на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје