Споменикот на Скендербег — спомен-обележје на албанскиот средновековен водач Ѓерѓ Кастриот во Скопје. Споменикот е висок 5,5 метри и тежи 2,7 тони.Споменикот на Скендер-бег - највисокиот споменик во Македонија , makedonskibiser.com.mk.Скендер-бег пречекан со еуфорија во Македонија, Утрински Весник, 26 ноември 2006. Споменикот бил откриен на 28 ноември 2006 година, а по тој повод била организирана и свеченост, на која присуствувале високи претставници од земјата и странство.Скендер-бег пречекан со еуфорија во Македонија, Утрински Весник, 26 ноември 2006.
Непосредно пред споменикот, над булеварот Гоце Делчев и веднаш до мостот кој ги поврзува Даут-пашиниот амам и црквата „Св. Димитрија“ со остатокот од чаршијата, на 17 јануари 2012 година бил поставен камен-телник за изградба на плоштадот „Скендербег“.Поставен камен-темелник на плоштадот „Скендербег“, Утрински Весник, 17 јануари 2012.
Наводи
Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Македонски дела од 2012 година