Круша (, Дисоро, старо и почесто употребувано: Κρούσσια όρη, Крусија ори) — ниска планина во Кукушко и Валовишко, Егејска Македонија. Претставува најсеверозападниот масив на планинскиот венец Круша.
Опис Планината на границата помеѓу општините Кукуш на запад и Синтика на североисток, меѓу Бутковското Езеро на исток и Дојранското Езеро на запад. Од Карадаг, која понекогаш се смета за дел од Круша, е оддалечена со сртот Дијасело (560 м). На север седлото Дова Тепе (306 м) ја двои од планината Беласица. На крајот од XIX век во шумите на Круша се правел јаглен за продажба во Сер. Во тоа време фауната не била многу богата — од дивеч се среќавале зајаци, волци и лисици.Кънчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Пътни бележки, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 35.
Карпите на планината се гнајсови и амфиболити.
Денешното грчко име Дисоро е позајмено од античкото име на планината кое го споменува Херодот, сменето согласно политиката на присвојување на древномакедонската историја. Не е јасно дали се совпаѓа со Круша.
Круша е дел од мрежата на заштитени зони според Натура 2000 (1260001 и 1260008) и е прогласена за орнитолошкиважно место (021). Бутковското Езеро е влажна зона од меѓународно значење и внесено во Рамсарската конвенција од 1974 г., а езерото со неговата околина во 2003 г. е прогласено за национален парк. Тоа исто така е вклучено во Натура 2000 (1260001 и 1260008) и прогласено за орнитолошки важно место (020).
До врвот се доаѓа по патот (600 м) од Кукуш на север кон с. Шемница (360 м) и с. Станица Порој (100 м).
+ Врвови Име Грчки Висина Местоположба Круша Δύσσωρο 860 м Αλεπόρραχη 671 м Άσπρη Πέτρα 720 м Βράχος, Καγιάδες 579 м Γελαστή 622 м Λυκορράχη 660 m - 500 м Карадаг Μαυροβούνι, Καρά Νταγ 762 м Μαυροβούνι 680 м Кара Тепе Μαυροκορυφή, Καράν Τεπέ/Λόφος 782 м Μεγάλη Ράχη 522 м Μεσορράχη 733 м Πανόραμα 684 м Πανόραμα 635 м Προφήτης Ηλίας 776 м Ресели Πύργος, Ρεσελή 767 м Сусамник Σησαμιά, Σουσαμνίκ 781 м ЈЗ од Бутково Τρίκορφα 786 m - 700 м Φωλεά 818 м Χελώνα 580 м Ψωροκέφαλο 760 м
Поврзано Круша (планински венец)
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Кукуш (општина) Категорија:Синтика Категорија:Долна Џумаја (општина)