Национални олимписки комитети на Океанија или НОКО (англ. Oceania National Olympic Committees, ONOC) е меѓународна организација во која членуваат 17 национални олимписки комитети (НОК-ови) од Океанија.
Организацијата често се состанува со други континентални сојузи на средбите на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC).
Земји-членки На табелава се наведени сите членки на организацијата, заедно со годината на основање и признавање од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), доколку се разликува од годината на основање на НОК-от. Земја Код национален олимписки комитет Основан Навод ASA Национален олимписки комитет на Американска Самоа 1987 AUS Австралиски олимписки комитет 1895 COK Спортски и национален олимписки комитет на Куковите Острови 1986 FSM Национален олимписки комитет на Федералните Држави на Микронезија 1995/1997 FIJ Здружение за спорт и национален олимписки комитет на Фиџи 1949/1955 GUM Национален олимписки комитет на Гуам 1976/1986 KIR Национален олимписки комитет на Кирибати 2002/2003 MHL Национален олимписки комитет на Маршалските Острови 2001/2006 NRU Олимписки комитет на Науру 1991/1994 NZL Новозеландски олимписки комитет 1911/1919 PLW Национален олимписки комитет на Палау 1997/1999 PNG Олимписки комитет на Папуа Нова Гвинеја 1973/1974 SAM Здружение за спорт и национален олимписки комитет на Самоа 1983 SOL Национален олимписки комитет на Соломонските Острови 1983 TGA Здружение за спорт и национален олимписки комитет на Тонга 1963/1984 TUV Здружение за спорт и национален олимписки комитет на Тувалу 2004/2007 VAN Здружение за спорт и национален олимписки комитет на Вануату 1987
Поврзано Меѓународен олимписки комитет
Надворешни врски Официјална страница
*Океанија Категорија:Спортот во Океанија