Морган Фриман (; р. ) — американски глумец, режисер, воздухопловец и раскажувач. Тој е номиниран за Оскар за неговите изведби во филмовите Street Smart, Driving Missy Daisy, The Shawshank Redemption и Invictius и истиот го добил во 2005тата година за изведбата во филмот ,,Девојка од милион долари”. Исто така има добиено Златен Глобус и Награда од Здружението на филмски глумци. Тој се има појавено во голем број популарни филмови меѓу кои и во Unforgiven, Glory, Седум, Deep Impact, The Sum of All Fears, Семоќниот Брус, Batman Begins, March of the Penguins, The Bucket List, Wanted, The Dark Knight и RED.Morgan Freeman
Младост Морган Фриман е роден во Мемфис во сојузната држава Тенеси во семејството на Мајме Една која била учителка и Морган Потерфилд Фриман кој бил бербер и умрел на 27 арпил 1961 година од цироза. Тој има 3 постари браќа и сестри. Како бебе тој бил испратен кај неговата баба (мајка на неговиот татко) во Чарлстон, Мисисипи. Неговото семејство често се селело за време на неговото детство живеејќи во градовите Гринвуд, Мисисипи(Greenwood, Mississippi), Гери-Индијана (Gary, Indiana) и конечно во Чикаго, Илиноис (Chicago, Illinois). Тој го имал неговото глумечко деби на девет годишна возраст глумејќи ја главната улога во една школска претстава. Подоцна се школувал во средното училиште Broad Street кое подоцна било именувано Threadgill и станало основно училиште . На дванаесетгодишна возраст тој победил на државен натпревар за драма и додека сè уште бил во средното училиште ,,Broad Street” настапувал на радио емисија во Нешвил, Тенеси (Nashville, Tennessee). Во 1995 година матурирал во средното училиште Broad School но ја одбил делумната стипендија за драма од Jackson државниот универзитетот Џексон и ја прифатил работата како механичар во воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави. Тој се преселил во Лос Анџелес во раните шеесетти години на минатиот век како службеник за превод во школата за високо образование во Лос Анџелес. За време на овој период исто така живеел и во Њујорк работејќи како танчер на светскиот саем во 1964 година и во Сан Франциско каде што бил член на музичката театарска група Opera Ring. Морган Фриман исто така глумел и во турнејски театарски ансамбл на кој ја изведувал претставата The Royal Hunt of the Sun, а исто така се појавил и во филмот The Pаwnbroker во 1965 година. Го остварил своето деби надвор од Бродвеј во 1967 година една година пред да дебитира на сцената на Бродвеј во 1968 година во црната верзија на Hello Dolly во која исто така глумеле Перл Бејли (Pearl Bailey) и Каб Каловеј (Cab Calloway).Morgan Freeman
Кариера
Глумечка кариера
Иако неговото прво кредитирано филмско појавување било во 1971 година во филмот Who Says I Can’t Ride a Rainbow? , тој прво станал познат во американските медиуми преку улогите во сапунската опера Another World и детската серија The Electric Company емитуванa од јавниот сервис за емитување (PBS), подоцна изјавувајќи дека требал порано да ги напушти истите улоги. На почетокот на раните осумдесетти години на минатиот век тој почнал на глуми истакнати споредни улоги во многу долгометражни филмови стекнувајќи репутација на мудри, татковски ликови. Како што се стекнувал со слава почнал да ги добива големите улоги во 1989 година како ,,возачот Хоук (Hoke)” во филмот Driving Missy Daisy и улогата на ,,наредник мајор Равлинс (Rawlins)” во филмот Glory. Во 1994 година ја глуми улогата на осуденикот Ред во акламираниот филм The Shawshank Redemption. Истата година бил дел од жирито на 44-тиот Интернационален Берлински Филмски Фестивал. Исто така има глумено и во филмовите како што се Робин Худ : Крал на крадците, Unforgiven, Seven и Deep Impact. Во 1997 година заедно со Лори МекКрери (Lori McCreary) ја основал филмската продукција Revelations Entertainment и сестринската компнија за онлајн дистрибуција ClickStar. Фриман исто така бил домаќин на каналот Our Space на компанијата ClickStar со специјални изработени филмски клипови во кој ја споделувал својата љубов кон науката особено за истражувања во вселената и воздухопловството. По три филмски претходни номинации како номинација за споредна улога во филмот Street Smart, номинација за главна улога во филмот Driving Miss Daisy и номинација за улогата во филмот the Shawshank Redemption конечно ја добил наградата за Оскар за споредна улога за неговата изведба во филмот ,,Девојка од милион долари” на 77-мите награди за Оскар. Тој е познат по својот карактеристичен глас со што често се појавува и во улога на раскажувач. Само во 2005 година се појавува како раскажувач во два филма, War of The Worlds и докуметарниот филм кој е добитник на оскар March of the Penguins.
Фриман се појавува во улогата на Бог во филмот ,,Семоќниот Брус” и неговото продолжение ,,Семоќниот Еван” како и во улогата на Луциус Фокс во критикуваниот комерцијален успех, филмот ,,Бетмен почнува” како и неговото продолжение во 2008 година ,,Темниот витез”. Исто така се појавил и во филмот на Роб Рејнер (Rob Reiner) во 2007 година ,,The Bucket List” заедно со Џек Николсон (Jack Nicholson). Заедно со Кристофер Ваелкен (Christopher Walken) и Вилијам Х. Мејси (William H. Macy) глумел во филмот ,,The Maiden Heist” кој бил дирекно пуштен во видео продажба поради финансиските проблеми на компанијата за дистрибуирање. Во 2008 година Фриман се вратил на Бродвеј за да соработува со Френцис МекДорманд (Frances McDormand ) и Питер Галахер (Peter Gallagher) за ограничена обврска во претставата на Клифорд Одест (Clifford Odets), ,,The Country Girl” режирана од Мајк Николс (Mike Nichols). Исто така имал во план да направи филм заснован на животот на Нелсон Mендела (Nelson Mandela ). На почеток се обидувал да ја добие автобиографијата на Мендела именувана како Long Walk to Freedom ,,Долгиот пат до слободата” која била адаптирана во завршенo сценарио, но не била финализирана. Во 2007 година ги откупил филмските права за сè уште не издадената книга од Џон Карлин (John Carlin) која била објавена во 2008 година именувана како “Играјќи со непријателот: Нелсон Мендела и Играта која направи нација”. Клинт Иствуд го режирал биографскиот филм за Нелсон Мендела именуван како Invictus во кој Морган Фриман ја играл улогата на Мендела додека Мет Дејмонд ја играл улогата на капитен на рагби тим Франсоа Пајнар (Francois Pienaar). Во октомври 2010 година Фриман одиграл улога заедно со Брус Вилис (Bruce Willis) во филмот Red. Последниот проект на Фриман е филмот режиран од Дени Де Вито (Danny DeVito ), Шарлот Дојл (Charlotte Doyle) во кој ќе глуми и ирскиот глумец Пирс Броснан (Pierce Brosnan) и е закажан за снимање на почетокот на 2012 година.Morgan Freeman
Други ангажмани
Во јули 2009 година Фриман бил еден од презентерите на концертот 46664 (славејќи го роденденот на Нелсон Мендела) во салата на ,,Radio City Music Hall” во Њујорк. Фриман бил првиот американец кој забележал резултат на екстремната 19та голф дупка во одморалиштето Legend Golf & Safari Resort.
На 65 годишна возраст тој се здобил со приватна лиценца за пилот. Тој поседува или поседувал три приватни летала вклучувајќи и Cessna Citation 501 млазен авион и Cessna 414 авион со два мотора. Во 2007 година купил приватен млазен авион за долги релации од типот Emivest SJ30 кој му бил доставен во декември 2009 година. Има дозвола да ги вози сите од споменатите авиони. На 4 јануари 2010 година Фриман го заменил Валтер Крнкајт (Walter Cronkite) како воведен глас во вечерните вести на продукциската куќа CBS во кој главен водител е Кејти Курик (Katie Couric). CBS ја означува потребата за доследност во најавувањата на обичните вести како и за специјалните извештаи како главна причина за промената. Од 2010 година тој е домаќин и раскажувач раскажувач на телевизиското шоу Through The Wormhole на телевизиската куќа Discovery Channel. Исто така ќе има и улога на првата песна во вториот албум на пејачот B.o.B (Боби Реј Симонс Помладиот) насловен како Strange Slouds. Во септември 2011 година Фриман ја играл улогата на судијата Давид Бојс (David Boies), заедно со Џон Литгоу (John Lithgow) во Бродвеј дебито на драмата на Дустин Ленс Блек (Dustin Lance Black') насловена како “8” – театарска интерпретација на федералното судење кое ја поништи забраната од предлогот 8 на Калифорнија за брак од ист пол. Изведбата била одржана во театарот Јуџин Онил (Eugene O'Neill) во Њујорк за собирање на пари за Американската фондација за еднакви права.
Личен живот
Семејство
Фриман бил оженет со Џенет Адаир Бредшо (Jeanette Adair Bradshaw) од 22 октомври 1967 година па сè до 1979 година. Потоа се оженил со Мирна Коли-Ли (Myrna Colley-Lee) на 16 јуни 1984 годниа. Се разделиле во декември 2007 година. Адвокатот на Фриман кој е исто така и негов бизнис партнет, Бил Лукет (Bill Luckett), во август 2008 година изјавил дека Морган Фриман и неговата жена се во процес на развод. На 15 ти септември 2010 година нивниот развод бил во завршна фаза во Мисисипи. Ја посвоил ќерката од својата прва жена и заедно имале и четврто дете. Во 2008 година во телевизиската серија ,,African American Lives 2” е откриено дека пра пра предците на Фриман биле робови кои мигрирале од Северна Каролина во Мисисипи. Фриман открил дека неговиот пра пра дедо кој бил белец живеел заедно и бил закопан покрај неговата афроамериканска пра пра баба кои не можеле легално да се венчаат во тоа време во јужните делови на САД.Morgan Freeman
Имот
Морган Фриман живее во Чарлстон, Мисисипи (Charleston, Mississippi) и во градот Њујорк. Тој е косопственик и управува со Мадиди (Madidi), добар вечерен ресторан како и со блуз клубот Ground Zero. Двата локали се наоѓаат во Кларксдејл, Мисисипи (Clarksdale, Mississippi)
Сообраќајка
Морган Фриман бил поврден во автомобилска сообраќајна несреќа близу Рулвил, Мисисипи (Ruleville, Mississippi,) ноќта на 3 август 2008 година. Возилото со кое патувал, Нисан Максима (Nissan Maxima) произведено во 1997 година излетало од патот и се превртело неколкупати. Тој заедно со сопатничката Демарис Мејер (Demaris Meyer) биле спасени од возилото употребувајќи ја хидрауличната направа ,,вилици на животот”(Jaws of Life). Фриман бил пренесен со медицински хеликоптер во Регионалниот медицински центар во градот Мемфис (Memphis). Полицијата не сметала дека причина за несреќата бил алкохолот. Фриман бил присебен по несреќата при што направил шега дека фоторепортер го сликал на местото на несреќата. При несреќата го скршил неговото рамо, рака и лакт и имал операција на 5 август 2008 година. Докторите го оперилале четири часа со цел да го поправат оштетувањето на нервите во неговото рамо и рака. Во емисијата Пирс Морган вечерва (Piers Morgan Tonight) која се емитува на телевизијата Си Ен Ен (CNN), Фриман изјавил дека е леворак но не може да ги мрда прстите на неговата лева рака. Тој носи ракавица која е под компресија со цел да не му се згрутчи крвта поради тоа што не може да ги мрда прстите. Неговиот публицист најавил дека се очекува негово целосно заздравување. Мејер неговата сопатничка го тужела за небрежност тврдејќи дека пиел алкохол истата вечер во која се случила несреќата.
Верувања На интервју на телевизиската куќа Си Ен Ен (CNN) Фриман го одбил тврдењето дека е ,,човек на Бога” , кажувајќи дека ,,прашањето на вербата е се она во што всушност верувате. Голем дел од тоа што се дискутира во науката го прифаќаме врз основа на верба, поставуваме теорија и сè додека таа теорија не е побиена, ние веруваме дека таа е точна".Morgan Freeman
Активизам Добротворна работа