Мали оддалечени острови на САД () — осум островски територии на САД во Тихиот Океан: Бејкеров Остров, островите Хауленд и Џарвис, Џонстоновиот Атол, Кингменовиот Гребен, Мидвејскиот, Палмирскиот Атол и островот Вејк; и една во Карипското Море: Наваса. Управата на САД понекогаш тука ги вбројува и карипските територии Бахо Нуево и Сераниља, но тие се предмет на спорување од страна на други земји.
Од сите овие острови, Палмирскиот Атол е единствената територија во состав на самите САД. Ниеден од нив нема постојано население, туку само привремен научен и воен персонал. Според пописот од 2000, избројани се 315 лица на Џонстоновиот Атол и 1 лице на островот Вејк.Попис на САД 2000: Преглед — вид. Табела I Во поновата историја, на островите не е забележано домородно население, освен во пописот од 1940. Во 1936 започнала организирана колонизација на Бејкеровиот Остров, Хауленд и Џарвис Baker, но сите жители биле евакуирани во 1942 поради Втората светска војна.
Островите се групираат заедно од статистички причини. Тие не се под една управа, и немаат заедничка културна и политичка историја.
Збирен код за островите во стандардот ISO 3166-1 alpha-2 е UM. Островите поединечно имаат бројчени кодови од ISO 3166-2 (вид. ISO 3166-2:UM). Порано островите го носеле државниот код на главниот интернет домен (ccTLD) „.um“; но истиот е укинат во јануари 2007.
Поимот „Мали оддалечени острови на САД“ е воведен во 1986 од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Од 1974 до 1986, пет острови (Бејкеров, Хауленд, Џарвис, Палмирскиот Атол и Кингменовиот Гребен) имале збирен назив „Различни Тихоокеански Острови на САД“ (United States Miscellaneous Pacific Islands), со ISO 3166-код PU. Мидвејскиот Атол го носел кодот MI, Џонстоновиот Атол имал код JT, а оној на Вејк гласел WK.
Тихоокеанските острови се окружени со големи исклучителни економски зони.
Острови Атол/Остров Зејишна површинакм² Лагунакм² Местоположба Основанрезерват СтекнатСеверен Тихи Океан, расејани изолирани острови ВејкА 7,4 6 2009 1899 Џонстонов АтолБ 2,52 130 1926 1859Северен Тихи Океан, Северозападни Хавајски Острови Мидвејски Атол 5,18 40 1996 1867Централен Тихи Океан, Северни Линиски Острови Кингменов Гребен 0,01 76 2001 1860 Палмирски АтолБ 6,56 15 2001 1912Централен Тихи Океан, Централни Линиски Острови Џарвис 4,45 - 19741856Централен Тихи Океан, Северни острови Феникс Бејкеров Остров 1,24 - 19741856 Хауленд 1,62 - 19741856Карипско Море НавасаВ 5,2 - 1999 1858 Бахо НуевоГ 0,02 155 Н/П1869 СераниљаГ 0,02 1200 Н/П18791880 '''Вкупно 34,2 267 А Полагаат право Маршалските ОстровиБ Полагале право Хаваите кога биле независна држава. Палмира им припаѓала на Хаваите сè до 1959.ВПолага право ХаитиГ За овие острови постои спор со Колумбија, Јамајка и Никарагва, и затоа не се вклучени во списокот на територии на ISO; нивните површини не се вброени во вкупниот износ.
Поврзано Островски територии на САД Британски прекуморски територии Зависна територија
Наводи
Надворешни врски Мали оддалечени острови на САД - WorldStatesmen Резервати на дива природа на тихоокеанските острови Резервати на дива природа на американските тихоокеански острови - Книга на факти на ЦИА
Категорија:Острови на САД Категорија:Зависни територии во Океанија САД, Мали оддалечени Категорија:Зависни територии во Северна Америка