Алберто Контадор Веласко (; р. ) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист и еден од шесте возачи кои имаат победено на сите три големи трки во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата . Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италија 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италија 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг. Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања во 2012 и во 2014 година и Џиро д’Италија 2015.

Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот. Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро. Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот поединечен хронометар, Контадор станал подобар на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласмани во генералните пласмани.

Кариерата на Контадор е обележана со неколку обвинувања за допинг. Случајот „Операција Пуерто“ ја довела неговата екипа (целосно неповрзана екипа со моменталната екипа Астана) да се откаже од Тур де Франс 2006 пред тој да започне. На крајот било одлучено дека тој немал никаква врска со случајот, но бил повторно обвинет за допинг по неговата победа на трката следната година. Во септември 2010, Контадор објавил дека бил позитивен на кленбутерол на контрола одржана на Тур де Франс 2010, каде завршил како победник, но иако бил суспендиран во текот на истрагата, тој бил прогласен за чист од Кралската шпанска велосипедска федерација. Истрагата од Арбитражниот суд за спорт првично закажана за јуни 2011 била неколкупати одложувана до февруари 2012, кога судот одлучил дека на Контадор ќе му бидат одземени сите резултати постигнати на Тур де Франс и подоцна, што значело дека ја губи и титулата на Џиро д’Италија 2011. Исто така, бил суспендиран до 5 август 2012 и неговиот договор со бил раскинат. По завршувањето на неговата суспензија, Контадор повторно му се приклучил на преименуваниот .

Личен живот и рана кариера

Контадор е роден во Пинто во автономната заедница Мадрид, трето од четирите деца во семејството. Тој има постари брат и сестра и помлад брат, кој има церебрална парализа. Претходно тренирајќи некои други спортови, како фудбал и атлетика, Контадор го открил велосипедизмот на возраст од 14 години, благодарение на неговиот постар брат Франсиско Хавиер.

Кога Контадор имал 15 години, започнал да настапува на трки на аматерско ниво во Шпанија, придружувајќи му се на Реал Вело Клуб Портилјо од Мадрид. Иако немал ниедна победа таа и следната година, сепак покажал одлични квалитети и наскоро го добил прекарот Пантани (по Марко Пантани, сметан за еден од најдобрите специјалисти за искачување на сите времиња) поради неговите вештини за искачување. Во 2000 година, ги искусил своите први победи, победувајќи на неколку планински пласмани од познати трки во шпанскиот аматерски велосипедски календар.

Тој се откажал од училиштето на 16 години без притоа да ја заврши матурата и потпишал со Ибердрола-Лоаназ, младинска екипа водена од Маноло Саиз, менаџер на професионалната велосипедска екипа ONCE. Во 2001 го освоил шпанското хронометарско првенство под 23 години.

Контадор живее со неговата жена Макарена во градот Пинто, кога не се натпреварува и ужива да лови во неговото слободно време. Ги обожава птиците, лично чувајќи канаринци и други птици во својот дом.

Професионална кариера 2004–2006

мини|upright|лево|Контадор со екипата Либерти Сегурос во 2006 година

Контадор станал професионалец во 2003 година за екипата . Во неговата прва година како професионалец, тој ја освоил осмата етапа на Трката околу Полска, поединечен хронометар. Во текот на првата етапа на Вуелта а Астурија 2004 започнал да се чувствува лошо и по 40 километри паднал и доживеал потрес. Неколку дена претходно страдал од силни главоболки и му било дијагностицирано церебрална кавернома, вродена васкуларна болест, поради која бил подложен на ризична операција, по што следело закрепнувањето и повторното возење велосипед. Како последица на операцијата има лузна, која се протега од едното до другото уво на врвот на главата. Контадор започнал повторно со тренинзи на крајот на 2004 и осум месеци по операцијата ја освоил петтата етапа на Тур Даун Андер 2005, возејќи за Либерти Сегурос, екипата што некогаш се викала ONCE пред преименувањето. Тој заминал на победа на третата етапа и крајниот пласман на Сетмана Каталана, така освојувајќи ја својата прва етапна трка како професионалец. Исто така, победил на поединечниот хронометар во текот на Трка околу Баскија, каде завршил трет и четвртата етапа на Тур де Романди, каде завршил четврти во генералниот пласман.

Во 2006 освоил етапи на Тур де Романди и Тур де Свис како подготовка за претстојниот Тур де Франс. Пред почетокот на трката бил вмешан заедно со неколку негови колеги во допинг скандалот Операција Пуерто од шпанските власти и екипата не можела да настапи на трката. Подоцна бил ослободен од Меѓународниот велосипедистички сојуз, управното тело во велосипедизмот. Контадор се вратил со возење на Вуелта а Бургос, но доживеал пад по завршувањето на петтото место на етапата 4, кога возел назад со автобусот на екипата и кратко бил во бессознание.

Сезона 2007

Откако бил вмешан во допинг скандалот „Операција Пуерто“, Контадор бил без професионален договор до средината на јануари 2007, кога потпишал со екипата .

десно|мини|Контадор носејќи ја жолтата маичка во текот на 19 етапа на Тур де Франс 2007

Првата поголема професионална победа на Контадор дошла на Париз-Ница 2007, каде ја освоил последната етапа на трката. Дискавери успешно го развлекол водачот на трката Давиде Ребелин од екипата , овозможувајќи му на Контадор да го отпочне својот напад на последното искачување. Со Ребелин во групата зад него, Контадор се одржал пред неговите соперници во последните километри, победувајќи на трката.

На Тур де Франс 2007 ја освоил етапата на планинската завршница Плато де Бел и бил втор во генерален пласман зад Михаел Расмусен. По отстранувањето на Расмусен од трката пред етапата 17 поради лажење на неговата екипа за неговите тренинзи пред трката, Контадор го презел водството на трката и жолтата маичка, иако сè уште не ја облекол до завршувањето на етапата. На поединечниот хронометар на етапата 19 успеал да пркоси наспроти очекувањата и да ја задржи жолтата маичка со разлика од само 23 секунди во однос на второпласираниот Кедел Еванс и 31 секунда пред неговиот колега Леви Лајпхајмер. Бидејќи тоа било претпоследна етапа на Тур, всушност етапата го означувала последното вистинско натпреварување на трката (отсекогаш последната етапа е лежерна и возачите не се натпреваруваат, освен во масовниот спринт на крајот на етапата) тоа значело дека Контадор ја обезбедил својата прва победа на Тур де Франс. Тоа било тесна победа и најблиската разлика помеѓу првите тројца во историјата на Тур де Франс.

Откако екипата Дискавери Ченл објавила дека 2007 ќе била нивната последна сезона во професионалниот велосипедизам, Контадор објавил на 23 октомври 2007 дека ќе се преместел во екипата Астана за 2008.

Сезона 2008

left|thumb|Контадор ја носи розовата маичка на 21 етапа на Џиро д’Италија 2008

На 13 февруари 2008, организаторот на Тур де Франс, Amaury Sport Organisation, објавил дека Астана нема да биде повикана на ниедна од нивните трки во 2008, поради претходните случаи со допинг во Астана, и покрај тоа што менаџментот на Астана и поголемиот дел од возачите биле променети пред сезоната 2008. Следствено на одлуката, Контадор не можел да ги брани победите од минатата година на Париз-Ница 2007 и Тур де Франс 2007. Се насочил кон освојување на втора победа на Вуелта а Кастиља и Леон, како и Вуелта ал Паис Васко преку освојување на воведната етапа и последниот поединечен хронометар. Негова следна трка и цел бил Дофине Либере, но неговата екипа добила покана на Џиро д’Италија 2008 една недела пред почетокот на трката. Контадор бил на одмор во Шпанија, кога му било кажано дека ќе вози на Џиро.

thumb|upright|Контадор ја носи златната маичка во текот на 20. етапа на Вуелта а Еспања 2008.

И покрај недостигот на подготовка, тој завршил втор на првиот поединечен хронометар и ја зел розовата маичка по 15 етапа на Пасо Федаја. По освојување на последната розова маичка во Милано станал првиот неиталијанец, кој го освоил Џиро по Павел Тонков во 1996 и исто така втор шпански возач, кој го освоил Џиро по победата на Мигел Индураин на 1992 и 1993. Подоцна ја истакнал важноста на оваа победа, велејќи дека „учеството на Џиро и неговото освојување беше големо достигнување, поголемо отколку втората победа на Тур де Франс“.

На Летните олимписки игри 2008, Контадор се натпреварувал на друмската трка и поединечниот хронометар. Не успеал да заврши на друмската трка, на која 53 од 143 возачи не ја завршиле патеката во топли и влажни услови. Завршил четврти на поединечниот хронометар, осум секунди зад неговиот колега Лајпхајмер.

Контадор влегол на Вуелта а Еспања 2008 како главен кандидат за победа. Негов најголем соперник бил неговиот сонародник Карлос Састре, кој победил на Тур де Франс само еден месец пред трката. Контадор ја освоил етапата 13 по нападот на искачувањето Англиру и овој напад му ја донел златната маичка, како предводник на трката. Го зголемил своето водство по освојувањето на етапата 14 до Фуентес де Инвиерно и го одржал своето водство во следните рамни етапи и последниот хронометар. Тој последен хронометар бил освоен од Лајпхајмер со голема разлика. Подоцна, Контадор изнел некои свои тврдења за Лајпхајмер, дека имал во план да победи на Вуелта, иако на почетокот на трката се решило дека Контадор ќе биде водачот на екипата Астана. Во конечниот пласман, Контадор завршил 46 секунди пред Лајпхајмер и повеќе од четири минути пред Састре. Победата на Вуелта го направила само петти велосипедист, кој победил на сите три Гранд Тур трки, по Жак Анкетил, Феличе Џимонди, Еди Меркс и Бернар Ино. Исто така, станал и првиот Шпанец, кој успеал во овој потфат, најмладиот (возраст 25), и за најкратко време успеал да ги оствари сите три победи (15 месеци). Исто така станал само трет велосипедист, кој победил на Џиро и Вуелта во иста година, придружувајќи им се на Меркс (кој успеал во 1973) и Џовани Батаглин (во 1981).

Подоцна истата година, Контадор ја добил наградата Златен велосипед (Вело д’Ор) за најдобар возач на годината, втора година по ред. Победникот на Џиро и Вуелта ги победил олимпискиот хронометарски првак Фабијан Канчелара и победникот на Тур Карлос Састре во бројот на гласови од меѓународните спортски новинари.

Сезона 2009

На 9 септември 2008, седумкратниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг објавил дека ќе се врати во професионалниот велосипедизам со цел учество на Тур де Франс 2009. Менаџерот на Јохан Брујнел, поранешен ментор на Армстронг и спортски директор, изјавил дека не може да дозволи Армстронг да вози за друга екипа и подоцна потпишал со него. Објавата од Армстронг се судрила со амбициите на Контадор, кој инсистирал дека го заслужил водството на Астана и ја навестил можноста за напуштање на екипата, доколку му биде дадена второкласна улога за поддршка на Армстронг. Подоцна, Контадор бил уверен од страна на Брујнел дека ќе остане водач на екипата и одлучил да остане во Астана за сезоната 2009. Подоцна Контадор изјавил дека ситуацијата била премногу надуена од медиумите. Контадор одлучил да го пропушти Џиро д’Италија 2009 и да се насочи кон победа на Тур де Франс.