„Пријателство“ (ознака: А1, по старо: M1), порано „Александар Велики“ — автопат во Македонија, кој се протега во меридијански правец север–југ, од границата со Србија, кај граничниот премин Табановце, сè до границата со Грција, кај граничниот премин Богородица–Мачуково (Евзони), близу Гевгелија. Автопатот е дел од паневропскиот меѓународен коридор 10, т.е. меѓународната рута Е-75.
Клучки, излези и простор за одмор Табановце – Богородица (173 км)25x25пкс Автопат А1 30x30пкс → од Ниш, Србија0,0 км 18x18пкс|Exit (1)1,2 кмТабановце40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area3,2 кмОдморалиште Табановце12x12пкс Мак-Бенз3,9 км12x12пкс Еко Петрол18x18пкс|Exit (2)5,4 кмКостурник21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area6,4 кмОдморалиште Горно Коњаре12x12пкс ИБ Петрол6,8 км12x12пкс Детоил18x18пкс|Exit (3)Горно Коњаре40x40пкс18x18пкс|Interchange (4)9,0 кмДолно Коњаре30x30пксА2 30x30пкс во правец кон -> Крива Паланка21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area11,7 кмОдморалиште Куманово 12x12пкс Макпетрол18x18пкс|Exit (5)11,7 кмКуманово40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area13,2 кмОдморалиште Куманово12x12пкс Лукоил20x20пкс (1)14,5 кмНаплатна станица Романовце21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area15,0 кмОдморалиште Романовце12x12пкс ИБ Петрол18,3 км12x12пкс Макпетрол18x18пкс|Exit (6)18,7 кмРомановце21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area24,6 кмОдморалиште Дељадровци12x12пкс Макпетрол18x18пкс|Exit (7)28,0 кмТекија18x18пкс|Interchange (8)29,5 кмМиладиновци30x30пксА2 30x30пкс во правец кон -> Скопје30x30пксА4 во правец кон -> Штип18x18пкс|Exit (9)33,0 км26x26пкс|Viaduct Аеродром Скопје18x18пкс|Exit (10)33,5 км18x18пкс|Interchange (11)35,3 кмПетровец30x30пксА4 во правец кон -> Скопје21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area40,0 кмОдморалиште Петровец12x12пкс ОКТА12x12пкс МРГ Петрол18x18пкс|Exit (12)42,3 кмКатланово40x40пкс12x12пкс Во правец кон -> Југ (Катланово - Велес)21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area43,5 кмОдморалиште Катланово12x12пкс Макпетрол22x22пкс|Rest area44,0 км12x12пкс Бастион Плаза18x18пкс|Tunnel47,0 кмТунел СолиштеТунел - 320 м18x18пкс|Rest area50,1 кмОдморалиште Црквичка12x12пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area54,0 кмОдморалиште Ветерско12x12пкс Детоил20x20пкс (2Ј)61,5 кмНаплатна станица Сопот18x18пкс|Exit (13Ј)61,7 кмНовачани18x18пкс|Tunnel64,1 кмТунел КанараТунел - 66 м18x18пкс|Tunnel65,0 кмТунел Бел КаменТунел - 181 м18x18пкс|Exit (14Ј)66,2 кмБашино Село40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area67,5 кмОдморалиште Велес12x12пкс Макпетрол12x12пкс Во правец кон -> Север (Велес - Катланово)18x18пкс|Exit (13С)58,8 кмОтовица20x20пкс (2С)58,3 кмНаплатна станица Отовица18x18пкс|Tunnel45,5 кмТунел СтражаТунел - 698 м12x12пкс 12x12пкс Во правец Север - Југ18x18пкс|Interchange (15)69,5 кмВелес - Север30x30пксА3 во правец кон -> Штип40x40пкс18x18пкс|Exit (16)75,5 кмДолно Каласлари21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area75,5 кмОдморалиште Долно Каласлари12x12пкс Макпетрол12x12пкс Макоил18x18пкс|Exit (17)76,3 кмВелес - Југ40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area79,0 кмОдморалиште Кочилари12x12пкс Дади Компани20x20пкс (3)89,5 кмНаплатна станица Градско18x18пкс|Interchange (18)91,1 кмГрадско - Север30x30пксА3 во правец кон -> Прилеп21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area91,1 кмОдморалиште Градско12x12пкс Макпетрол18x18пкс|Exit (19)94,6 кмГрадско - Југ40x40пкс18x18пкс|Exit (20)96,8 кмСтоби21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area99,0 кмОдморалиште Стоби12x12пкс Гулф21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area110,0 кмОдморалиште Неготино12x12пкс Макпетрол12x12пкс Макпетрол18x18пкс|Exit (21)110,0 кмНеготино40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area122,0 кмОдморалиште Прждево12x12пкс Детоил20x20пкс (4)125,0 кмНаплатна станица Демир Капија18x18пкс|Exit (22)126,0 кмДемир Капија40x40пкс18x18пкс|Tunnel129,0 кмТунел Демир Капија 1Тунел - 1214 м 12x12пкс / 1275 м 12x12пкс18x18пкс|Tunnel135,0 кмТунел Демир Капија 2Тунел - 1295 м18x18пкс|Exit (23)149,5 кмМиравци40x40пкс18x18пкс|Exit (24)155,0 кмСмоквица40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area156,0 кмОдморалиште Смоквица12x12пкс Шел12x12пкс Шел20x20пкс (5)158,5 кмНаплатна станица Гевгелија18x18пкс|Exit (25)162,3 кмПрдејци40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area166,5 кмОдморалиште Мрзенци12x12пкс Гулф12x12пкс Макпетрол18x18пкс|Exit (26)168,4 кмГевгелија40x40пкс21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area170,3 кмОдморалиште Гевгелија12x12пкс Лукоил12x12пкс Лукоил21x21пкс|Petrol station 22x22пкс|Rest area171,4 кмОдморалиште Богородица12x12пкс Макпетрол12x12пкс Шимов20x20пкс|Border control172,0 км 30x30пкс Автопат А1 / Егејски автопат 30x30пкс → кон Атина, Грција
Правец на протегање мини|250п|лево|Делницата на автопатот „Пријателство“ кај ’Ржаничино. Автопатот „Пријателство“ започнува од граничниот премин Табановце, северно од градот Куманово, и во две двонасочни ленти продолжува низ Кумановското Поле, минувајќи непосредно западно крај Куманово, каде се наоѓа крстосницата со магистралниот пат кон Крива Паланка и граничниот премин „Деве Баир“ на границата со Бугарија. Близу рафинеријата за нафта „ОКТА“ кај селото Миладиновци навлегува во Скопската Котлина и долината на реката Вардар, по која продолжува да се протега сè до македонско-грчката државна граница. Кај селото Миладиновци се наоѓа клучката, т.е. раскрсницата со делницата од автопатот кој води кон главниот град Скопје и продолжува кон запад како дел од меѓународниот паневропски коридор 8, а во овој предел автопатот непосредно минува и се поврзува Меѓународниот аеродром Скопје. мини|лево|250п|Глетка од Делницата Велес - Градско, кај селото Ногаевци. Автопатот продолжува кон југ, навлегувајќи во Прнарската Клисура на реката Пчиња и Таорската Клисура на реката Вардар продолжувајќи низ повеќе тунели кон Велес. Делницата од автопатот Катланово - Велес се состои од двенасочни одделни коловозни ленти кои се меѓусебно раздалечени по неколку километри поради ридско-планинскиот, карпест и клисурест терен и во овој предел не постојат клучки за излез од едната и приклучување кон другата насока. Непосредно пред Велес се наоѓа крстосницата на магистралниот пат кон Штип, Кочани и Делчево сè до македонско-бугарската граница. По Велес автопатот минувајќи преку реката Вардар, продолжува кон југ со две одделни непосредно блиски двонасочни коловозни ленти сè до Градско каде се наоѓа крстосницата со магистралниот пат кој води кон Кавадарци, Прилеп и Битола. мини|200п|Автопатот во Демиркаписката Клисура. Минувајќи непосредно крај античкиот град Стоби, автопатот продолжува низ Тиквешката котлина кон Неготино, каде се наоѓа крстосницата со патниот правец кон Радовиш и Струмица. Во две одделни двонасочни коловозни ленти автопатот продолжува сè до Демир Капија, каде тие се спојуваат во една двонасочна лента и навлегуваат Демиркаписката Клисура и двата препознатливи тунели. На овој потег се наоѓа единствената делница која има една двонасочна лента, а која треба до 2017 година да се изгради уште една одделна лента.
Кај селото Удово автопатот навлегува во Гевгелиско-валандовската клисураи тука се наоѓа излезот за патниот правец кон Валандово и Дојран. Сè до селото Смоквица на десниот брег на реката Вардар патот продолжува во единствена двонасочна лента, а потоа повторно се раздвојува во две одделни коловозни ленти сè до градот Гевгелија каде се наоѓа клучката на локалниот патен правец кон Богданци. На само 3 километри по Гевгелија патот завршува кај граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката државна граница.
Историја
Поради поволноста и стратешката важност на Вардарската долина, таа секогаш била сообраќајно важна артерија и оска на Македонија и Балканскиот Полуостров. Најверојатно по оваа траса уште во античко време, најславниот македонски владетел и војсководец Александар III Македонски заминал во поход против Трибалите на север. Потоа овој географски предел бил многу важен патен правец кон Егејското Море, а во 1873 била изградена и првата железничка пруга од Солун до Скопје.
Во втората половина на XX век, овој патен правец бил дел од југословенскиот Автопат „Братство и единство“, кој минувал низ четири југословенски републики, поврзувајќи ги крајната северна и крајната јужна граница. Сепак условите и инфраструктурата на патот, не биле целосно на нивото на денешните меѓународни стандарди за автопатишта, бидејќи само делот од Куманово до Велес бил со две разделени сообраќајни ленти.
По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, овој пат етапно почнува да се доградува и подобрува, со изградба на одделни сообраќајни коловозни ленти во две насоки. Доградбата и обновата на автопатот во најголем дел се одвивала со средства на Македонија и финансиска помош од фондовите на ЕУ. Така во периодот од доцните деведесетти до 2000 година е завршена делниците до Градско и Смоквица - Гевгелија, потоа во периодот 2001-2002 делницата до Неготино, во периодот до 2004 е завршена делницата до Демир Капија, а на 8.9.2011 е завршена седумкилометарската делница Куманово - Табановце. Во моментот се работи на изградба на втора одделна сообраќајна коловозна лента на делницата Смоквица - Демир Капија, со што до 2016 година целосно ќе се заврши и изградбата на целиот автопат по сите меѓународни стандарди со две одделни коловозни сообраќајни лентиЗапочна изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица - Алфа ТВ.
Со одлука на Владата на Македонија, од 2008 година, овој автопат го носи името Александар Македонски. Сепак, истиот бил именуван во „Пријателство“ во 2018 година, во знак на пријателство помеѓу Македонија и Грција.
Галерија
Наводи
Александар Македонски