мини|300|десно|Хистологија на штитната жлезда од коњ1-фоликули исполнети со колоид2-тиреоцити3-крвни капилари
Штитната жлезда, штитна жлезда или тироидна — ендокрина жлезда која е сместена непосредно под гркланот, од двете страни на душникот. Има форма на штит. Се состои од два лобуса (лев и десен) кои се споени со еден потесен жлездест дел, наречен истмус. Штитната жлезда е тешка од 30 до 60 g. Тироидното ткиво го сочинуваат бројни тироидни фоликули кои се исполнети со белковидна маса (колоид), каде што се акумулираат тироидните хормони. Фоликулите се обложени со жлездести клетки - тиреоцити.
Структура Штитната жлезда има облик на пеперуга, составена е од два лобуси, поврзани со „истмус“. Има тежина од околу 25 грама кај возрасните, при што секој лобус има должина од околу 5 cm, ширина од околу 3 cm, и 2 cm дебелина, а истмусот е околу 1.25 cm во должина и висина. Жлездата вообичаено е поголема кај жените отколку кај мажите, и се зголемува во текот на бременоста.
Физиологија
Хормони од штитната жлезда Примарна функција на штитната жлезда е создавање на тироидна хормони, тријодотиронин (T3) и тироксин (T4) и пептиден хормон калцитонин. За синтеза на тироидни хормони потребни се јод и аминокиселината тирозин. T3 е наречен така затоа што содржи три атоми на јод во својата молекула, а T4 содржи четири атоми на јод во молекулата. Тироидните хормони имаат широк спектар на ефекти врз човечкиот организам.
После секрецијата, само мал дел од тироидните хормони циркулираат слободно во организмот. Повеќето се врзуваат за тироксин-врзувачкиот глобулин (околу 70%), транстиретин (10%), и албумин (15%). Само 0.03% од T4 и 0.3% од T3 циркулираат слободно и имаат хормонска активност. Дополнително, и до 85% од T3 во крвта се добива со претворање од T4 под дејство на јодотиронин дејодинази во повеќе органи.
Регулација на функцијата на штитната жлезда
Синтезата и секрецијата на тироидните хормони се регулира по принципот на негативна повратна врска. Тоа значи дека зголемената концентрација на слободниот тироксин во крвта, влијае инхибиторно врз секрецијата на соодветниот ослободувачки хормон од хипоталамусот (Тиреотропин, TSH). Поради тоа се намалува секрецијата на TSH од аденохипофизата. Намалувањето на овој хормон доведува до намалена синтеза и секреција на тироидните хормони. При намалено ниво на тироксин во крвта, дејствата се обратни.
Клиничко значење
Нарушување на штитната функција
Хиперфункцијата на штитната жлезда доведува до појава на Базедова болест. Хипофункцијата во раниот развиток доведува до појава на ментално и физичко заостанување - кретенизам. Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура, груба и отечена кожа, забавени реакции, незаинтересираност итн.
Наводи
Книги
Надворешни врски
Thyroid , медицински журнал за истражување на штитната жлезда Слободна on-line книга Тироидни болести
Категорија:Ендокрини жлезди
Категорија:Ендокрин систем