Миле Илиевски (23 октомври 1935, ) — македонски иселенички активист. Заедно со други македонски иселеници во разни европски земји, тој учествувал во основањето и раководењето на неколку македонски иселенички организации. Поголем дел од животот го има минато во Шведска, каде живее и денес.
Во 2006 година, тој самостојно ја објавил книгата „Документи за македонското национално движење во дијаспората (ОКМ - ДООМ - НОФМ) - прв том“, каде на 500 страници се поместени бројни документи за активностите на македонското иселеништво во правец на ослободување и обединување на Македонија.
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонци во Шведска