1179 Мали привремена ознака — астероид и долговтремена загубена мала планета од средишната област на Главниот астероиден појас, со приближен пречник од 13 km. Открие е на 19 март 1931 година, од германскиот астроном Макс Волф при Хајделбершката опсерваторија во јужна Германија.
Мали е во орбита околу Сонцето на растојание од 2,2-3,1 ае и истата еднаш ја изминува за 4 години и 3 месеци (1.548 денови). Орбитата има занес од 0,17 и наклон од 9° во однос на еклиптиката. По првичното откритие во 1931 година, постанува една од неколкуте познати загубени мали планети и ќе биде загубена во наредните 55 години. Во 1986 година, Мали бил повторно откриен од Луц Шмадел, Рихард Мартин Вест и Ханс Емил Шустер, кои ги премерија првичните плочи од откритието и пресметале поинакви еферемиди. На овој начин тие успеале да го најдат телото во близина на предвидената местоположба. Дополнително, историските фотографските плочи од Паломарскиот небесен атлас (1956–1958), UK Шмидовиот телескоп (Австралија), и Опсерваторијата Ла Сила (Чиле) го потврдиле повторното откритие.
Според резултатите објавени во 2014 година од истражуањата изведени од НАСА со ВИСЕ со последователната мисија НЕОВИСЕ, Мали има пречник од 13,2 до 14.4 километри, аи површинско албедо меѓу 0,059 и 0,071, додека пак според (КАЛЛ) има албедо од 0,10 и пречник од 10,7 километри, засновани на апсолутната светлосна величина од 12,98. Доплонително, КАЛЛ астероидот го сместуваво каменестите S asteroidi, i pokraj niskoto albedo.
Во септември 2013 година, вртежната светлинска крива на Мали добиена од фотометриските набљудувања снимени од ПТФ во Калифорнија. Добиен е подолг од просечниот вртежен период од 46,6 часа светлосна променливост од 0,08 m. Сепак, резултатот е отфрлен од КАЛЛ ().
Астероидот е именуван по Мали Волф, сопруга на Франц Волф снашката на откривачот ().
Наводи
Надворешни врски (1179) Mally, at AstDyS, University of Pisa Asteroid Lightcurve Database (LCDB), query form (info ) Dictionary of Minor Planet Names, Google books Asteroids and comets rotation curves, CdR – Observatoire de Genève, Raoul Behrend Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets (1)-(5000) – Minor Planet Center
Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астероиди наречени по личности Категорија:Астероиди од типот S Категорија:Астрономски тела откриени во 1931 година Категорија:Неправилни месечини