Основно училиште „Атанас Нивичански“ (официјално: Подрачно основно училиште „Атанас Нивичански“ - Доброшинци; скратено: ПОУ „Атанас Нивичански“) — подрачно основно училиште во селото Доброшинци, составен дел на истоименото училиште од селото Нова Маала.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Атанас Нивичански.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, сместено до некогашната полициска станица.
Историја
Училиштето било изградено во 2004 година, а во 2010 година било оградено. Во 2016 година било поставено парно греење.
Настава
Наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 5 паралелки, од кои една комбинирана.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Василево Категорија:Доброшинци Доброшинци