Софија Тодорова (родена на година во Скопје) — македонска професорка и политичар.

Животопис

Софија Тодорова е родена на 11 декември 1947 година во Скопје. Во 1970 година, таа дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а во 1977 година и на Економскиот факултет во Белград. Во периодот од 1976 до 2007 година била вработена на Правниот факултет во Скопје, како асистент, виш предавач, вонреден професор и редовен професор. Во периодот од 1989 до 1991 година била продекан на Правниот факултет во Скопје.

Освен тоа, таа извршувала и други функции како:

Раководител на Институтот за правни и економски односи при Правниот факултет - Скопје (2003- ); Член на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (1986-1990); Претседател на Републичкиот општествен совет за стопански развој и економска политика при Собранието на Македонија (1989-1990); Член на Сојузниот општествен совет за стопански развој И економска политика при Собранието на СФРЈ (1989-1990); Претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (2002-2005); Член на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (2005- ).

Политичка кариера

Во Владата на Македонија од 1992 година ја извршувала функцијата Министер за развој, и тоа во периодот од 5 септември 1992 до 20 декември 1994 година. Во Владата на Македонија од 1994 година, таа ја извршувала функцијата Министер за наука, и тоа во периодот од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996 година, а по реконструкција на владата, во периодот од 23 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година, таа ја извршувала функцијата Министер за образование.

Во периодот од 1998 до 2000 година, Тодорова била амбасадор на Република Македонија во Кралството ШведскаМакедонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, том 2, стр. 1488.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1992 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Министри за развој на Република Македонија Категорија:Амбасадори на Македонија во Шведска Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје