Донауштаф () — гратче и општина во округот Регенсбург, Баварија, сместено на 5 км источно од истоимениот град, во подножјето на Баварската Шума. Над местото се издигаат рушевините на средновековниот замок, изграден некаде помеѓу 914 и 930 г. На блискиот рид крај реката Дунав се наоѓа впечатливиот тевтонски паметник „Валхала“ направен по пример на Партенонот во Атина. Паметникот е изграден по нарачка на баварскиот крал Лудвиг I и отворен на 18 октомври 1842 г. со цел да ги чествува великаните од историјата на германските народиAdalbert Müller, 1847. Donaustauf and Walhalla. Published by G. J. Manz, Regensburg.
Гратчето било лено во Војводството Баварија, но во 1710 г. е предадено на Регенсбуршката архиепископија. Во 1803 г. влегло во соостав на новосоздаденото Кнежевство Регенсбург, но само по 7 години ѝ е вратено на Баварија согласно Парискиот договор од 1810 г., која пак им го подарила на кнезовите на Турн и Таксис. Во 1899 г. владејачкото семејство е унапредено во војводско, добивајќи ја титулата Војводи на Верт и Донауштауф.
Во 1843 г. е изграден нов замок за Максимилијан Карл, кнезот на Турн и Таксис. Истиот е наполно уништен во пожар на 4 март 1880 г.Големиот пожар во Донауштауф од 4 март 1880 г.
Населени места во општината Општината Донауштауф се состои од седум населени места: Дахсберг Донауштауф Хамермиле Кламер Нојмиле Паркхаус Сулцбах на Дунав Порано самостојна општина, припоена кон Донауштауф на 1 мај 1978 г. согласно реформите во месната самоуправа. Извор:
Поранешното место Рајфлдинг е припоено кон потесниот Донауштауф.
Галерија
Поврзано Горен Пфалц Баварска Шума Валхала (споменик)
Наводи
Надворешни врски
Портал на Донауштауф Информации за рушевините на замокот во Донауштауф Слики на Донауштауф од воздух
Категорија:Регенсбург (округ) Категорија:Населени места на Дунав