Попадика, еѓупка или легла () – вид речна риба

Опис и распространетост Попадиката која се сретнува во средниот и долниот дел на реката Вардар има вретенесто, издолжено и странично сплескано тело. Бојата на телото ѝ е сивкаво сребреста, до зеленикава на грбниот дел, додека на страните и на стомачниот дел е светлосивкава до сребрена. Перките се со благо портокалова нијанса, а често може да се сивкави до белузлави. Има релативно мала глава и изразена долна уста.

Основни биолошки одлики Попадиката живее главно во деловите од реката со послабо струење на водата. Достигнува должина до 50 cm и маса од 3 kg, иако такви примероци се ретки. Во водите во Република Македонија воопшто не се среќаваат покрупни примероци на попадики од 800 g. За време на мрест по телото се појавуваат брадавичести израстоци, а машките единки потемнуваат. Се мрести во периодот мај до јули во плитка вода на каменито и чакалесто дно каде водената струја е посилна. Женските единки полагаат над 100.000 зрна икри чија инкубација трае три до десет дена, зависно од температурата на водата. Најчесто се храни со фауната на дното (црви, мекотели, ларви на инсекти и др.).

Значење Попадиката има значење од аспект на рекреативен риболов. Претставува вид на риба, привлечна за рекреативен риболов. Месото е вкусно, иако има многу ситни коски.

Забранет риболов Во Македонија риболовот на попадиката е забранет од 5 мај до 5 јуни.

Наводи

Crivelli, A.J. 2005. Vimba melanops . 2006 IUCN Red List of Threatened Species. Службен весник на РМ, бр. 6 од 18.1.2017 година РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНА ВОДА „СЛИВ НА ЦРНА РЕКА” ЗА ПЕРИОД 2017 – 2022 ГОДИНА

Категорија:Слатководни риби Категорија:Риби на Македонија Категорија:Риби на Европа