Историjа словенобугарска (оригинален наслов: Истори́ѧ славѣноболгарскаѧ, Историја славјаноболгарскаја; , Историја славјаноб'лгарска) e првата ренесансна работа на бугарската историографија напишана од Паисиј Хилендарски во Хилендарскиот манастир и Зографскиот манастир во периодот 1760 - 1762 година.
Прв препис на делото е од Софрониј Врачански (1765). Оригиналниот ракопис на Паисиј го открил Јордан Иванов во Зографскиот манастир во 1906 година.
Содржина Предисловието (предговорот) на „Историја словенобугарска“ е еден од највпечатливите и најпознатите делови од делото, често цитиран поради неговиот страствен и патриотски тон. Пајсиј го започнува со директен повик до своите читатели – Бугарите – да ја ценат својата историја, јазик и култура. Тој изразува длабоко разочарување од оние Бугари кои го занемаруваат или се срамат од своето потекло, особено под влијание на странските култури (главно грчката, поради доминацијата на грчкото свештенство во црквата под османлиска власт).
Пајсиј остро ги критикува Бугарите кои го презираат својот јазик и се восхитуваат на туѓите култури. Тој пишува: „О, неразумни јуроде! Зошто се срамиш да се наречеш Бугарин и не читаш и не говориш на својот јазик?“ Ова е директен повик за будење на националната свест и гордост.
Преписи По завршувањето на книгата, Паисиј продолжил да патува и сам да ја распространува.
За прв зачуван препис се смета преписот од 1765 година, порачан од богатите граѓани на Котел и направен од Софрониј Врачански. Вториот бил направен во 1771 година во Самоков од поп Алекси. За тие преписи се знае дека биле препишувани директно од оригиналот на Паисиj и во негово присуство. Од периодот до краjот на 18 век се познати околу 10 ракописни преписи, а до краjот на 19 век нивниот броj е повеќе од 60.
Следната табела дава преглед на досега познати преписи и преработки вклучувајќи ги датирањата и авторите. +ГодинаНасловАвторМесто на потеклоМесто на чување1762Зографски преписПајсиј ХилендарскиХилендарски манастирЗографски манастир1765Прв препис на Софрониј – Котленски преписСофрониј ВрачанскиКотелНародна библиотека – Софија1771Самоковски преписАлекси Велкович ПоповичСамоковЦрковноархеологичен музеј во Софија1772Никифоров (Рилски) преписМонах Никифор (според Самоковскиот препис)Рилски манастирАрхивски оддел на Бугарската академија на наукитенајдоцна 1772Жеравненски (Априловски) препис? (предаден во 1838 г. од В. Априлов на Н. Мурзакевич)Жеравна, Котленсконеизвесно – некаде во Русија1781Втор препис на Софрониј – Котленски преписСофрониј ВрачанскиКотелРоманска академија на науките1783Кованлачки преписпоп Стојанс. Kованлак (Пчелиште), ТрновскоНародна библиотека – Софија1784Еленски препис (заедно со Стематографијата на Х. Жефаровиќ)Дојно ГраматикЕленаНародна библиотека – Софија1796Поппунчова преработкаПоп ПунчоМокреш, ЛомскоНародна библиотека – Софија1809Прв русенски (Пантелејмонов) преписмонах ПантелејмонРусеХилендарски манастир1809Преображенски преписВлад, поп Петков Гладичков од ГабровоРусеПреображенски манастир1811Втори русенски (Лазаров) преписНикола поп ЛазаровРусеНародна библиотека – Софија1825Рилска преработкамонах ПајсијРилски манастирНародна библиотека – Софијапоч. на 19 векКарловечки препис?Сремски Карловци?Патријаршиска библиотека во Белград1829Тошковичев (Калоферски) преписТошкович?КалоферУчилиште „Христо Ботев“ – КалоферI пол. на 19 векПопјоанова преработкаПоп Јоан?Народна библиотека – Софија1831Прва Харитонова (Втора Змеевска) преработкамонах ХаритонЗмеево, СтарозагорскоНародна библиотека – Софија1831Чирпанска преработкамонах ХаритонЧирпанНародна библиотека – Софија1832Втора Харитонова преработкамонах Харитон??1833Габровска преработка?ГабровоНародна библиотека – Софијапоч. на 19 векПирдопска преработкадаскал Тодор ПирдопскиПирдопНародна библиотека – Софија1837Прва старозагорска преработка?Стара ЗагораНароден музеј во Стара Загора1838Венелиновски препис (според Золовски препис)? (за Јуриј Венелин) ?Државна библиотека „В. И. Ленин“ во Москваок. 1840Хилендарска преработка?Хилендарски манастирХилендарски манастирпосле 1839Григоровичева преработка? (пронајдено од страна на В. И. Григорович)?Државна библиотека „В. И. Ленин“ во Москва1841-1842Башќојски преписпоп Василиј Маноловс. Башќој (Кирсово), Бесарабија (донесен од Тулча)Народна библиотека – Софија1842Прв трновски препис - ТрновоП. Р. Славејков и Хр. ДрагановТрновоНародна библиотека – Софија1842Втор трновски препис – Трновонајверојатно П. Р. Славејков и Хр. ДрагановТрновоНародна библиотека – Софија1842Свиштовска преработка (според Првата змеевска преработка)Васил СтанковиќСвиштовнаследници на проф. Г. Данаилов во Софијанајверојатно 1842 Ахтаров преписСтојан Пенев Ахтар ТрновоАрхивско одделение на Бугарската академија на науките1843Белочерковски (Горнотурченски) преписучител Драгија (?)с. Бјала Черква, ТрновскоНародна библиотека – Софија1845Шипковски (Трети Трновски) преписТодор Н. ШишковТрновоНародна библиотека – Софијапол. на 19 век (можеби 1849 –1850)Софиска преработка (непознато кој и каде)??Архивско одделение на Бугарската академија на наукитепоч. на 19 векЧехларовски (Четврти трновски) препис? (пронајден од Н. Чехларов)ТрновоНародна библиотека – Софијаверојатно пол. на 19 векПрва Павликијанска преработка (запишана на латиница)католички духовник (?)ПловдивНародна библиотека – Софијаок. 1848Втора Павликијанска преработка (запишана на латиница)Лавренти ЌосестојановПловдивНародна библиотека – Софијаок. 1860Геровски преписНајден ГеровПловдивБугарски историски архив на Народна библиотека – Софија1879 или 1880Оџакова (Пирдопска) преработкаДимитар П. Оџаков ПирдопНародна библиотека – Софија1882Втор Бански препис (точен препис на Царственикот на Хр. Павлович)К. Иванов ЧулулаинБансково сопственост на Асен Костадинов Икономов во Банско19 векЧертков препис??Државен историски музеј во Москва
Печатено издание мини|Првото печатено издание Царственик или историjа болгарскаја од Христаки Павлович, печатена во Будим, 1844 год. Вистинска историска вредност "Историjа словенобугарска" добила во првата половина на 19 век и натаму по неjзиното прво преработено печатено издание, направено од Христаки Павлович во Будим во 1844 година со наслов Царственик или историjа болгарска. Царственикот претставува своевидна христоматија што вклучувало и некои делови од "Стематографијата" на Христофор Жефаровиќ, а било користено како учебник по историjа во преродбенските училишта. Павлович користел извори и од Мавро Орбини и Јован Рајиќ.
Извори
Надворешни врски Историја словенобугарска на современ бугарски јазик
Категорија:Историја на Бугарија Категорија:Историски дела Категорија:Бугарска преродба