DR 21 — голем молекуларен облак во соѕвездието Лебед, забележан во 1966 година како непрекинат извор на радиобранови од страна наДаунс и Рајнхарт. DR 21 е на растојание од околу 6.000 светлосни години од Земјата и се протега на 80 светлосни години. Областа има висока стапка на ѕвездообразност и се поврзува со ѕвездородната област Лебед X. Има проценета маса од .
Забележани се бројни молекули во областа преку нивното радиоодддавање, како што се формалдехид, амонијак, вода и јаглерод моноксид.
Во оваа област, се набљудувани едни од најмасивните ѕвезди во Млечниот Пат. содржи сложжени шаблони на прашина и гас, кои светат во инфрацрвеното шподрачје поради присуството на огански соединенија познати како полициклични ароматични јаглеводороди. Цик-цак шаблоните во се резултат на заемодејството на меѓуѕвездениот ветер, зрачниот притисок, магнетните полиња и гравитацијата.
Со проценето население од 2.900 ѕвездиво моекуларниот облак, населенсот слична со онаа на јатото во маглината Орион, кои се распределени во групи заедно со молекуларните облаци. Масивните ѕвезди најверојатно ќе го расејат облакот; но сепак, ова сè уште не се случило поради младоста на ѕвездите. Изучувањето на овие ѕвезди од страна на вселенскиот телескоп Спицер покажува знаци за постоење на протопланетарни дискови.
Наводи
Надворешни врски
DR 21 at SIMBAD "Invisible Giants Exposed in New Spitzer Image" by NASA/Jet Propulsion Laboratory "Star Formation in the DR21 Region (B)" by NASA/Jet Propulsion Laboratory
Категорија:Молекуларни облаци Категорија:Оддавни маглини Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Ѕвездородни области