Топлец — археолошко наоѓалиште во дојранското село Нов Дојран. Опфаќа терми (бањи) од римско време.

На 4 км од населбата, на северозападниот брег на езерото, во подрачјето на топлите извори се откриени остатоци од архитектонска пластика од мермер (столбови и капители). По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.

Подрачјето на топлите извори е прогласено за културно наследство на Македонија.

Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Дојранско

Наводи

Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Дојран