Основно училиште „Ванчо Србаков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ванчо Србаков“ - Вранештица; скратено: ПООУ „Ванчо Србаков“) — подрачно основно училиште во селото Вранештица, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница. Училиштето се наоѓа на влезот во селото Вранештица.
Иако Вранештица се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер и војвода Ванчо Србаков.
Местоположба
мини|200п|лево|Влезот во училиштето
Училиштето е сместено на самиот влез во селото Вранештица.
Историја
Првиот училиштен објект бил изграден во 1934 година. Наставата и денес се одржува во истиот, кој бил целосно обновен во 2009 година.
Училиштето во минатото претставувало централно училиште, но било укинато како такво во април 1980 година. Тогаш влегло во состав на основното училиште „Мирче Ацев“ од Лисичани, каде што припаѓа и денес.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Вкупно има 14 ученици од прво до деветто одделение, кои се распоредени во 6 паралелки, од кои една комбинирана.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Кичево Вранештица Категорија:Вранештица