Никола Димитровски - Грчето ( во — во ) — македонски револуционер, комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ.
Животопис Никола потекнувал од работничко семејство. Откако го завршил основното образование тој веднаш се вработил како столар, кај некој скопски мајстор, од каде го засакал резбарскиот занает. Како член на УРС-овите синдикати, тој зел учество во нивните акции како и во демонстрациите организирани на 27 март 1941 година.
Веднаш по окупацијата на земјата се вклучил во оружената борба против окупаторот. Учествувал во диверзантски акции, набавувал експлозив, каписли, бомби, пушки, револвери и друго. Воедно станал постојана врска со Првиот скопски партизански одред.
Бидејки полициските агенти му влегле во трагата, тој се обидел да се префрли во одредот, но истите го препознале и го затвориле. Бил осуден на 15 години затвор. На 28 јуни 1944 година, заедно со заедно со Васил Ивановски, Димитрија Алексовски - Пекар и Перо Ивановски, избегал од затворот Идризово. Веднаш потоа се приклучил на Третата македонска ударна бригада, каде станал заменик на политичкиот комесар на Првиот младински ударен баталјон.
На 28 август 1944 година, учествувал во ослободувањето на околу 300 политички затвореници од завторот во Идризово. Потем учествувал во тешките борби кај Глумово и Крушопек, па во борбите за ослободувањето на Велес и Скопје. Со Бригадата продолжил да ги гони балистичките банди кон населбата Ѓорче Петров, Тетово и натаму, сè до нивното конечно уништување.
Веднаш потоа заминал на Сремскиот фронт. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на фронтот. На 16 април во жестоките битки за Врпоље, бил ранет в нога. По извесно време добил инфекција и починал, во близина на Винковци на 28 април 1945 година, откако му биле извршени неколку операции.
Архивот на Македонија, во 1997 година издаде монографија за Никола Димитровски, а како автор се јавува Стојан Илиќ-Каталенац.
Наводи
Надворешни врски К. Георгиевски, „Едно оригинално писмо на Никола Димитровски — Грчето од 14 jyни 1944 година напишано во затворот Идризово, испратено до Илија Јакимовски“, „Историја“, 1974.
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани