Pachyprotasis variegata е палеарктички вид на растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа и Сибир. Се среќава и во Македонија.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 217-218
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 милиметри. Главата им е светложолтеникава со голема црна дамка на теменото поле, антените се кафеави од горната страна, а жолти од долната. Градите се светложолти. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата се кафеави. Абдоменот е црн од горната страна со бели задни рабови. Нозете се жолти на предните страни, задните нозе се делумно црвени.
Ларвите имаат тело еднобојно зелено надолжна темна штрафта. Тие се развиваат во текот на август, а возрасните форми се среќаваат во периодот мај-октомври.
Наводи
Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Растителни оси