Драгољуб Ѓуричиќ (српски: Драгољуб Ђуричић; Цетиње, 10 февруари 1953 - Белград, 15 март 2021) — српски рок-музичар со црногорско потекло.
Животопис Драгољуб Ѓуричиќ е роден на 10 февруари 1953 во Цетиње, Црна Гора. Во 1975 година, од Херцег Нови се преселил во Белград, каде живеел до смртта. Во текот на 1990-тите, Ѓуричиќ бил активен учесник на политичките протести против режимот на Слободан Милошевиќ. Во февруари 2021 година, Ѓуричиќ се зарзил од вирусот КОВИД-19. Откако повеќе денови бил во лоша здравствена состојба и имал висока температура, на 24 февруари бил пренесен во белградската болница „Д-р Драгиша Мишовиќ“, каде починал на 15 март 2021 година.РТС, Преминуо бубњар Драгољуб Ђуричић (пристапено на 16 март 2021)
Музичка кариера Ѓуричиќ ја започнал својата музичка кариера на околу 20 години, кога ги основал групите „The End“ и „Круне“ и „Веритас“. Во 1975 година, по преселбата во Белград, ѝ се приклучил на групата „Ribelli“ со која свирел на концертите на повеќе познати музичари, како: Душан Прелевиќ, Кемал Монтено, Арсен Дедиќ итн. Потоа ѝ се придружила на групата „Mama Coco“ која ја предводел Дадо Топиќ и со неа свирел на турнејата на Здравко Чолиќ, „Патувачки земјотрес“ во 1978. година. Кон крајот на 1970-тите станал член на „Ју група“ во која свирел две години, а потоа ѝ се приклучил на групата „Леб и сол“ каде останал шест години. Потоа бил член на „Кербер“, а по три години повторно се вратил во „Леб и сол“. Од 1997. година го предводел постојаниот придружен оркестар на Здравко Чолиќ. Во текот на својата кариера, Ѓуричиќ учествувал на снимањето на околу 70 музички албуми и настапил на околу 6 000 концерти, како член на неколку рок-групи или како придружен музичар.
Наводи
Категорија:Српски рок-тапанари Категорија:Црногорски рок-музичари Категорија:Југословенски рок-музичари