мини|Марокино. Марокино (италијански: Marocchino) ― кафе пијалак создаден во Алесандрија, Италија.Young, D. (2009) Coffee Love: 50 Ways to Drink Your Java p.34. John Wiley and Sons. Retrieved November 2011 Се служи во мала чаша и се состои од шолја еспресо (понекогаш мала доза или ристрето), какао во прав и пена од млеко. Во некои области на северна Италија се додава густо врело какао. Во Алба, домот на италијанскиот чоколаден гигант Фереро, се користи нутела. Името марокино (италијански за мароканско) потекнува од неговата боја, бидејќи марокино бил вид на светло кафена кожа (мароканска кожа) што била користена во 1930-тите за правење ленти за коса.Three of the Best Italian Espresso Drinks | Italy Magazine

Подготовка Начините на подготовка се различни. Општо земено, стаклената шолја прво се брише со какао во прав, потоа се прелива со млечна пена и еспресо, со второ бришење какао одозгора.

Поврзано Еспресино и бичерин, слични пијалаци Список на кафе пијалаци

Наводи

Кафе: сеопфатен водич за зрната, пијалаците и индустријата Кафе љубов: 50 начини да ја испиете вашата јава - Даниел Јанг

Категорија:Кафето во Италија Категорија:Чоколадни пијалаци Категорија:Кафе пијалаци Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ