Рупелски ветар (, Рупелиотис) — ладен и сув северен ветар во Егејска Македонија. Се движи по долината на реката Струма низ Серското Поле и стасува до Струмскиот Залив. Кога овој ветар дува во Сер, речиси истовремено во Солунското Поле дува друг ветар — вардарецот. Има слична брзина како вардарецот; присутен е околу 40-50 денови во годината, a во текот на десетина дена е бурен, надминувајќи јачина од 8 по Бофоровата скала. Поради сувоста во подрачјата кајшто дуваат ветровите, при ниски температури овие ветрови можат да нанесат щети врз реколтата.

Овој ветар има многу сличности со вардарецот, но според некои извори рупелскиот е многу послаб. Неговата средна честота изнесува околу 35 дена во годината, и тоа во студениот период.

Наводи

Категорија:Ветрови Категорија:Географија на Егејска Македонија Категорија:Сер (округ)