Гловерс Риф (англиски: Glover's Reef) е атол во Белиз кој делумно е потопен под вода. Атолот се наоѓа во близина на јужниот брег на Белиз, на околу 45 километри од копното. Атолот ја создава границата на Белиската гребенска бариера и еден од трите атоли во државата, другите два се Турнефе и Лајтхаус Риф.

Топографија

Атолот има овална форма и има должина од 32 километри и ширина од 12 километри. Внатрешната лагуна е исполнета со мали карпи. Некои позначајни мали островчиња од кои е составен атолот се Амиунме Ки, Нортист Ки, Лонг Ки, Мидл Ки и Саутвест Ки.

Гловерс Риф е едно од најголемите места со разновиност на гребени во западниот дел на Карибите.

Наводи

Надворешни врски Island Expeditions Slickrock Adventures Ресорт Гловерс Атол

Категорија:Атоли во Белиз Категорија:Острови во Белиз