Питер Сигер (англ. Peter Seeger; 3 мај 1919 ― 27 јануари 2014) ― американски фолк-пејач, музичар и политички активист. Сигер се смета за клучна фигура во преродбата на американската фолк-музика од средината на XX век и во појавата на протестната музика. Бил член на групата The Weavers, чии членови биле на црната листа за време на Мекартиевата ера. Во 1960-тите, Сигер се вратил на јавната сцена како истакнат пејач на протестна музика преку која го поддржувал меѓународното јадрено разоружување, граѓанските права, работничките права, контракултурата, екологијата и завршувањето на Виетнамската војна.

Меѓу најпознатите песни кои ги напишал се: „Where Have All the Flowers Gone?“ (со дополнителен текст од Џо Хикерсон ), „If I Had a Hammer (The Hammer Song)“ (заедно со Ли Хејс од Weavers), „Kisses Sweeter Than Wine“ (исто така со Хејс) и „Turn! Turn! Turn! (To Everything There Is a Season)“. „Where Have All the Flowers Gone?“ била хит-песна за „The Kingston Trio“ (1962); Марлен Дитрих, која ја снимила на англиски, германски и француски јазик (1962); и Џони Риверс (1965). „If I Had a Hammer“ била хит за Питер, Пол и Мери (1962) и Трини Лопез (1963), а The Byrds се искачиле на прво место со „Turn! Turn! Turn!“ во 1965 година.

Сигер бил еден од фолк-пејачите што ја популаризирале на спиритуалната песна „We Shall Overcome“ (исто така снимена од Џоан Баез и многу други пејачи активисти), која почнала да се смета за химна на движењето за граѓански права.

Животопис Сигер бил роден на 3 мај 1919 година во Њујорк.

Потекнувал од музичко семејство; неговата мајка Констанс студирала на Парискиот конзерваториум за музика, била концертна виолинистка, а подоцна и учителка во училиштето Џулијард, а неговиот татко Чарлс бил музиколог, кој студирал на Харвард и во 1910-тите ја основал првата наставна програма по музикологија во САД на Калифорнискиот универзитет - Беркли. Тој, исто така, помогнал во организирањето на Американското музиколошко друштво и бил клучен основач на академската дисциплина етномузикологија.

Неговите родители се разведеле во 1927 година, а неговиот татко во 1932 година се оженил со неговата ученичка и асистентка, Рут Крафорд Сигер, која денес се вбројува „меѓу најважните модернистички композитори од 20 век“.See Judith Tick, Ruth Crawford Seeger: a Composer's Search for American Music (1997). Рут во голема мера ги обликувала музичките вкусови на младиот Пит, како и на неговите браќа. мини|Питер Сигер (во скутот на татко му) со татко му и мајка му, Чарлс и Констанс Сигер и браќата на кампување (23 мај 1921 година)

Музички развој И покрај тоа што неговите родители биле класични музичари, тие не го притискале Питер да свири на инструмент. Самостојно, повлеченото момче гравитирало кон укулеле.

Сигер со делумна стипендија се запишал на колеџот Харвард, но го напуштил колеџот во 1938 година.. Seeger reportedly lost his Harvard scholarship after failing one of his winter exams.

Есента 1939 година, Сигер се вработил во Вашингтон, помагајќи му на Алан Ломакс, пријател на неговиот татко, во Архивата на американската народна песна при Конгресната библиотека. Сигер наскоро станал редовен изведувач на неделната радио-емисија на Алан Ломакс и Николас Реј на Columbia Broadcasting, Back Where I Come From (1940–41). Настапувал заедно со Џош Вајт, Барл Ајвс, Лед Бели, и Вуди Гатри. мини| Пит Сигер ја забавува Еленор Рузвелт (во средината), почесен гостин на расно интегрирана забава за Денот на вљубените по повод отворањето на Обединетата федерална кантина за труд, ЦИО, во тогаш сегрегираниот Вашингтон, 1944 година Од 1942 до 1945 година, Сигер служел во Армијата на САД како специјалист за забава, а на крај добил чин каплар.

Во 1949 година, Сигер работел како вокален инструктор во Гринич Вилиџ во Њујорк.

Почетоци со активизам Во 1936 година, на 17-годишна возраст, Пит Сигер се приклучил на Младата комунистичка лига (YCL). Во 1942 година, тој се приклучил на Комунистичката партија на САД (CPUSA), но ја напуштил во 1949 година.: Seeger later commented, "Innocently I became a member of the Communist Party, and when they said fight for peace, I did, and when they said fight Hitler, I did. I got out in '49, though. ... I should have left much earlier. It was stupid of me not to. My father had got out in '38, when he read the testimony of the trials in Moscow, and he could tell they were forced confessions. We never talked about it, though, and I didn't examine closely enough what was going on. ... I thought Stalin was the brave secretary Stalin, and had no idea how cruel a leader he was."

На почетокот од 1941 година Сигер почнал да настапува како член на групата Almanac Singers. Во песните остро го критикувале Рузвелтовиот нацрт за мирнодопски услови (донесен во септември 1940 година). Стиховите биле во склад со идеите на Комунистичката партија по склучувањето на пактот Молотов-Рибентроп од 1939 година, со кој се тврдело дека војната е „лажна“ и обичен изговор за големите американски корпорации да го натераат Хитлер да ја нападне Советска Русија. Сигер рекол дека верувал во овие аргументи во тоа време, како и многу колеги членови од Младата комунистичка лига (МКЛ).

Неговата прва група, Алманах Сингерс, се распаднала за време на Втората светска војна откако се дознало дека нејзините членови настапувале на комунистички митинзи. Откако се вратил во САД, Пит Сигер се соочил со колапс на уште два негови проекти - организацијата „Народни песни“, замислена како национална организација со филијали на двата брега и дизајнирана да „создава, промовира и дистрибуира песни на трудот и американскиот народ“ и претседателската кампања на Хенри Волас од Прогресивната партија на САД. И покрај тоа што привлекол многу народ низ целата земја, Волас не освоил ниту еден изборен глас. По изборите, тој бил осудуван затоа што прифатил помош во кампањата од комунистите и сопатниците, како што биле Сигер и пејачот Пол Робесон.

Член на групата Weavers Во 1950 година, групата Almanacs била реконституирана под името Weavers чие име го зеле од насловот на драмата за штрајк на работниците од 1892 година од Герхарт Хауптман. Пееле песни за борбите за синдикално здружување на индустриските работници. Покрај Пит Сигер во групата членувале: Ли Хејс, Рони Гилберт и Фред Хелерман. Низата големи хитови на Weavers започнала со „On Top of Old Smoky“ и песната „Goodnight, Irene“, која во 1950 година 13 недели била на врвот на топ-листите.

Kариерата на The Weavers била нагло исфрлена од колосек во 1953 година, на врвот на нивната популарност, откако биле ставени на црната листа што ги натерало радио станиците да одбијат да ги пуштаат нивните песни и сите нивни резервации биле откажани.

Во доцните 1950-ти, било основано Kingston Trio како директна имитација (и во чест на) the Weavers, преработувајќи многу нивни песни. Кингстон триото создало уште една феноменална серија на хитови на Билбордовите топ-листи, поставувајќи ја основата за комерцијалната фолк-преродба во 1960-тите.

Во документарниот филм Пит Сигер: Моќта на песната (2007), Сигер изјавил дека дал отказ од Weavers кога тројцата други членови од групата се согласиле да изведат џингл за реклама за цигари.

За време на ерата на Мекарти Во 1950-тите и постојано во текот на неговиот живот, Сигер давал поддршка за граѓанските и работничките права, расната еднаквост, меѓународното разбирање и антимилитаризмот (сето тоа било содржано во кампањата на Хенри Волас), а верувал дека песните можат да им помогнат на луѓето да ги постигнат овие цели. Меѓутоа, со откритијата за злосторствата на Јосиф Сталин и Унгарската револуција од 1956 година, тој се повеќе станувал разочаран од советскиот социјализам. Ја напуштил Комунистичката партија на САД (CPUSA) во 1949 година."Pete Seeger: The Power of Song" – PBS American Masters, February 27, 2008

На 18 август 1955 година, Пит Сигер бил повикан да сведочи пред Комитетот за неамерикански активности на Претставничкиот дом (HUAC). Сигер одбил да се изјасни за Петтиот амандман (кој тврдел дека неговото сведочење може да биде самообвинителско), а наместо тоа, како што направила холивудската десетка, тој одбил да именува лични и политички здруженија со образложение дека тоа ќе ги наруши неговите права од Првиот амандман : „Нема да одговарам на никакви прашања во врска со мојата асоцијација, моите филозофски или религиозни убедувања или моите политички убедувања, или како гласав на какви било избори, или на некоја од овие приватни работи, мислам дека тоа се многу несоодветни прашања за секој Американец, особено под таква принуда“. Seeger later explained to Navasky: "Look, the Fifth means they can't ask me, the First means they can't ask anybody." Одбивањето на Сигер да одговори на прашања за кои тој верувал дека ги кршат неговите основни уставни права довело до обвинение за непочитување на Конгресот на 26 март 1957 година. Во следните неколку години тој морал да ја информира федералната влада за тоа каде оди секогаш кога го напуштал јужниот округ на Њујорк. Тој бил осуден на судење со порота за непочитување на Конгресот во март 1961 година и осуден на десет едногодишни затворски казни (да се издржуваат истовремено ), но во мај 1962 година, апелациониот суд одлучил дека обвинението е погрешно и ја поништило пресудата.United States v. Seeger , 303 F. 2d 478 (2d Cir. 1962).

Преродба на американската фолк-музика За да заработи пари во периодот додека бил на црната листа во доцните 1950-ти и раните 1960-ти, Сигер хонорарно работел како професор по музика во училишта и летните кампови. Со подемот на движењето за јадрено разоружување во доцните 1950-ти и раните 1960-ти, антивоените песни на Сигер станале многу популарни. Сигер, исто така, бил тесно поврзан со Движењето за граѓански права и во 1963 година помогнал да се организира значаен концерт во Карнеги Хол. Овој настан, и маршот на Мартин Лутер Кинг Џуниор во август истата година, ја донеле химната за граѓански права „We Shall Overcome“ до пошироката публика. Тој ја отпеал на пешачењето од 50 милји од Селма до Монтгомери, Алабама, заедно со 1.000 други учесници на маршот. Во тоа време, Сигер како долгогодишен колумнист во Sing Out! бил истакната личност во фолк-преродбата од 1960-тите со центар во Гринич Вилиџ.

Долгата телевизиска цензура на Сигер почнала да попушта кон средината на 1960-тите кога тој бил домаќин на регионално емитувано телевизиско шоу за фолк-музика, Rainbow Quest. Многу познати музичари биле негови гости, меѓу кои биле: Џони Кеш, Џуди Колинс, Хеди Вест, Донован и многу други.

Пит Сигер и Боб Дилан Пит Сигер бил еден од најраните поддржувачи на Боб Дилан; тој го наговорил Џон Хамонд да го продуцира првиот албум на Дилан за Колумбија, а бил заслужен за Дилан да биде поканет да настапи на фолк-фестивалот во Њупорт во чиј одбор бил токму Сигер. Често била повторувана приказната дека Сигер бил многу вознемирен од екстремно гласниот засилувач на звук што Дилан го донел на Фолк Фестивалот во Њупорт во 1965 година и се заканил дека ќе ја исклучи опремата. Има многу верзии за тоа што се случило, но сигурно е дека имало високи тензиите меѓу менаџерот на Дилан, Алберт Гросман и членовите на одборот од Фестивалот околу распоредот на изведувачите и за други работи. Два дена претходно имало тепачка и кратка размена на удари меѓу Гросман и Алан Ломакс. Иако Сигер бил претставен како фолк-пурист кој се спротивставил на „електричното движење“ на Дилан, кога бил прашан во 2001 година за неговите сеќавања и „приговори“ за електричниот стил, Сигер рекол: „Не можев да ги разберам зборовите. Сакав да ги слушнам зборовите. Тоа беше одлична песна, „Maggie's Farm“, а звукот беше дисторзиран. Притрчав кон момчето кај контролите и му викнав: „Поправи го звукот за да можете да ги слушнете зборовите“. Тој возврати: „Ова е начинот на кој тие го сакаат тоа“. Реков: „По ѓаволите, да имав секира, веднаш ќе го пресечев кабелот“.